За наш реномиран клиент кој е 30 години на пазарот за висококвалитетни алуминиумски производи во над 60 земји ширум светот, компанија која
брои над две илјади вработени, има потреба од проширување и збогатување на својот тим со:
Финансиски асистент/Администратор (Скопје)
- Книжење на банкарски изводи
- Трансфер и уплата на дневен промет
- Управување на парите за материјални трошоци на компанијата
- Подготовка на месечен дневник на фискалните каси и дневник на материјалната благајна
- Евиденција на патни налози
- Материјална евиденција на увози и контрола меѓу увозните фактури и фактички испорачаната роба,
- Контрола на продажни цени според увозите согласно продажната политика на компанијата
- Подготовка на извештаи за побарувања на компанијата
- Евиденција и контрола на влезни фактури
- Месечно доставување на документи до сметководство
- Подготовка на договори за компанијата со купувачи и добавувачи
- Водење на комплетна документација за вработените кога се склучува и кога се откажува договорот за работен однос и за времетраење на работниот однос
- Подготовка на целокупна документација за спроведување на годишен попис.
Квалификации:
- ВСС – Економски факултет
- Претходно работно искуство од минимум 1 година на исто или слично работно место.
- Предност имаат кандидати со претходно работно искуство во градежниот сектор.
- Активно познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office
- Возачка дозвола B категорија
- Способност за работа во тим
- Организирана и одговорна личност
Нудиме:
- Работа на полно работно време од 08:00 до 16:00 часот.
- Конкурентна плата, со можности за зголемување зависно од покажаните перформанси.
- Прекувремена работа, ретко, по потреба и истата се доплаќа.
- Договор за вработување на определено време од 3 месеци со можност за продолжување или трансформирање на договорот на неопределено време.
- Годишен одмор 23 дена со можност за зголемување, зависно од стажот кој ќе го имате во комапнијата.
- Обука обезбедена од компанијата
Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
Своите биографии испратeте ги на rabota@esi.mk и или аплицирајте директно на www.esi.mk .