ЖИТО ЛУКС Ад Скопје, водечка Компанија од областа на прозводство на леб, брашно и пекарски производи, поради проширување на својот тим во Сектор Финансии, има потреба од:
СМЕТКОВОДИТЕЛ
Работни задачи:
Евидентирање/книжење на извозно-увозна документација (фактури за набавени суровини, трговска стока, основни средства, резервни делови, услуги итн.);
Евидентирање на трансакции поврзани со банкарски заеми, каматни листи, договори за осигурување и лизинг;
Пресметка и евиденција на сите видови даноци поврзани со обврските во земјата за добавувачи-правни и физички лица (данок од задршка, персонален данок и сл.);
Усогласување на салдата на јавни даноци и царински давачки со релевантните државни институции;
Поддршка на процесот на затворање на системската евиденција на крајот на секој месец и крајот на годината;
Учествува во изготвување на годишна сметка, годишен даночен биланс и годишни финансиски извештаи на компанијата (локален пакет и МСФИ пакет за цели на консолидација);
Врши други работи и работни задачи по налог на претпоставениот, во рамки на активностите од службата за сметководство;
Потребни квалификации:
ВСС- Економски Факултет
Познавање на Англиски јазик
Познавање на Microsoft Office ( напредно ниво Excel)
Со работно искуство во областа
Предност ќе имаат кандидати со лиценца за овластен сметководител
Кандидатите треба да испратат кратка биографија (CV) не подоцна од 12ти Октомври 2024 година, на следната адреса ЖИТО ЛУКС АД Скопје, бул. Македонско Косовска Бригада бр. 44, Скопје или електронски преку Брзата Апликација. Само најтесниот избор на кандидати ќе биде контактиран. Сите апликации ќе бидат третирани со доверливост.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!