Vrabotuvanje.com - Магационер - Скопје - АВИЦЕНА Дијагностика
Share
Tweet
Share
Send to friend

Магационер

Скопје

Application deadline:

  • АВИЦЕНА Дијагностика

Сакате да станете дел од Авицена?

АВИЦЕНА ДOO, водечка компанија во дејноста на промоција и продажба на висококвалитетни дијагностички тестови, реагенси, опрема и лабораториски потрошен материјал од сите области на клиничката лабораториска медицина

Oбјавува оглас за позицијата:

МАГАЦИОНЕР
(1 извршител)

 Опис на работната позиција:

Магационерот е одговорен за уредно чување и складирање на примена роба, навремена и квалитетна испорака на роба и како и обезбедување логистичка поддршка на сите процеси кај работодавачот.

 Работни одговорности:

  • Врши прием на роба во магацин, утовар/истовар како и складирање на истата согласно температурна регулација;
  • Проверува исправност на пристигната роба;
  • Ја подредува робата по артикли;
  • Се грижи за целокупната уредност на магацинот;
  • Пакува и утовара роба за транспорт и испраќа пратки преку надворешен соработник за траснспорт;
  • Врши испорака на роба до коминтенти и одговорен е за навремена и квалитетна испорака;
  • Се грижи за одржување на возниот парк, води соодветна евиденција и по потреба изготвува периодични извештаи и прегледи за состојбата на возилата.
  • Извршува курирски обврски и врши достава на документација;
  • По потреба, врши и други работи и задачи, од делокругот на работењето.

 НАПОМЕНА:

АВИЦЕНА ДОО Скопје сите апликации за вработување ќе ги третира како строго доверливи. Согласно Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на регрутација и селекција на кадри во компанијата, кое гарантира дека освен за наведената цел Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел, ниту пак достапни на трети лица и воедно напоменуваме дека сите апликации ќе бидат чувани 12 месеци, сметано од денот на нивниот прием, освен во случај кога апликанотот писмено ќе побара истите да бидат избришани пред истек на утврдениот рок.

 Потребни квалификации:

  • Завршено минимум средно образование
  • Работно искуство како магационер ќе се смета за предност
  • Познавање работа со компјутери-MS office
  • Возачка дозвола – Б категорија

 Потребни вештини и способности:

  • Добри комуникациски и организациски способности
  • Уредност во работа со целокупната документација
  • Прецизност и лична одговорност во работењето
  • Координација и фокус на детали
  • Следење на иструкции и процедури за работа
  • Самоиницијативност и динамичност

Работно време- од понедленик до петок од 08:00- 16:00 часот. Работната недела трае 5 (пет) работни дена.

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: kariera@avicena.com.mk со назнака За оглас за магационер или на ул. ,,1551” бр. 5Б, Индустриска зона Визбегово, Скопје, во рок од 10 (десет) дена од денот на објавување на овој оглас, односно најдоцна до 27.09.2024 година.

Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од :

  • доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 45 дена,
  • од 201 до 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 90 дена и
  • над 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.

 

 
 
 
Kärcher
Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Warehousing and Logistics amounts to 25.063 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more