Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Магацински работник во Скопје
Локација: Скопје
Оддел: Логистика
Рок за пријавување: 13.10.2024
Позиција: 2
Цел на работното место:
Рачно носи, товара и истовара стоки и материјали во магацинот, врши складирање на стоки и материјали и ја помага доставата.
Oсновни одговорности:
Ракува со стока(редење, пакување, сортирање, растовар и утовар).
Одржување на магацин
Пренесува и отстранува растур, кало и друг вид на отпад.
Врши контрола врз квалитетот на влезните и на излезните материјали и се грижи ниту еден оштетен материјал да не биде испорачан ниту примен во магацинот.
По потреба управува со вилушкар, рачна товарна количка или товарно возило.
Услови за работа:
Редовна месечна плата;
Полно работно време- 40 часа;
Пријатна работна атмосфера;
Работа на определно време со можност за продолжување на неопределено време;
Обезбени услови за работа со сите современи материјално-технички средства;
Приватно здравствено осигирување;
Исплатa на минат калкулиран труд;
Потребни квалификации:
Средно образование
Возачка дозвола, Б категорија
Од 0-1 година искуство во вршење на општи, физички работи
Комуникациски вештини
Општо познавање на модерната комуникациска технологија
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Краен рок за аплицирање: до 13.10.2024
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Warehousing and Logistics amounts to 25.063 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!