Мацедо ХРМ е лиценцирана агенција за посредување при вработување во земјата и странство, основана во 2018 година, специјализирана за регрутирање и поврзување на квалификуван кадар со водечки бизниси низ различни сектори, вклучувајќи угостителство и хотелиерство, автомобилска индустрија, маркети и сл, која работи по највисоките законски стандарди.
Проект Менаџер
Цел на работното место е:
- Планирање, организација и контрола на комплетниот процес на зададениот проект. Координација на активностите со сите сектори вклучени во проектот, постојана комуникација со засегнатите страни и оптимално задоволување на временските рокови усогласени со клиентот.
Работни обврски:
- Водење на еден проект, по претходно разработен и договорен план
- Следење на сите насоки по кои се движи проектот и брза адаптација кон следните чекори
- Менаџирање и редовна комуникација со целиот вклучен тим
- Тековни известување до Специјалистот за човечки ресурси во насока на одржување на постојана комуникација со Работодавците засегнати во тој проект
- Давање на свои предлози, забелешки и размислувања со цел унапредување на проектот
- Можност за вклучување во други проекти, по потреба и со претходен договор
- Договарање на интервју за регрутација на кандидати и комплетна вклученост во истиот
Потребни квалификации:
Кандидатите кои ќе аплицираат за оваа работна позиција треба да ги поседуваат следните квалификации:
- Одлично познавање на англиски јазик
- Искуство со работење во Microsoft Office (Word, Excel, Power Point) и интернет алатки
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Способност за самостојна и тимска работа
- Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
- Одговорност за доверливоста и безбедноста на информациите со кои располага
- Поседување на Возачка дозвола Б категорија
Пожелни квалификации:
- Завршено високо образование
- Претходно работно искуство на иста или слична работна позиција
- Поседување на вештини за раководење со проект, мобилизирање на средства, известување и други административни вештини
- Познавање на Српскохрватски јазик во говорна и пишана форма
- Лојалност, самоиницијативност, темелност и енергичност
Што нудиме:
- Динамична работна атмосфера каде задоволството на вработените има клучна вредност
- Конкурентна плата и дополнителни бенефити
- Учество на различни настани: саеми, конференци и обуки
- Можност за професионален развој и напредок
Работната позиција е во Скопје, со работно време од 09:00 – 17:00 часот( понеделник – петок)
Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го испратат преку полето Брза Апликација