Осигурителното брокерско друштво М БРОКЕР АД Скопје е акционерско друштво овластено за вршење на осигурително брокерски работи со дозвола број УП1 – 14 – 1 – 52 од 07.04.2022 година издадена од Агенцијата за супервизија на осигурување. М БРОКЕР АД Скопје е основано од МФГ Бугарија, групација која е предводник во небанкарските финансиски услуги на пазарот во Централна и Источна Европа со повеќе од 8.300 вработени и соработници, лоцирани во повеќе од 450 канцеларии во Бугарија, Украина, Романија, Полска, Шпанија и Северна Македонија.
Мисија
Ние сме водени од технологија, иновативност и грижата за нашите клиенти и постојано сме посветени на создавање на иновативни и креативни решенија за овозможување одлично корисничко искуство за нашите клиенти и партнери.
Препознавајќи го динамичниот начин на живот во денешното модерно општество и притоа ценејќи го времето на нашите клиенти, нашата мисија е да бидеме првиот избор кај македонските граѓани при потреба од осигурување, како поради грижата и вниманието, така и поради брзината, удобноста и достапноста на нашите услуги.
Стратегија
Нашата стратегија е да бидеме брзи и едноставни во комуникацијата со нашите клиенти и секогаш достапни за нив како преку Продавниците за полиси на М Брокер и Продавниците за пари на М Кеш, така и преку онлајн каналот за продажба.
Поради проширување на тимот имаме потреба од
Лиценцирани брокери
(Гостивар, Охрид, Струга,Кичево и Дебар)
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршено високо образование;
- Поседување лиценца за осигурителен брокер;
- Претходно работно искуство во областа ќе се смета за предност;
- Познавање на англиски јазик;
- Oдлично познавање на MS Office;
- Поседување возачка дозвола Б - категорија.
ОДГОВОРНОСТИ
- Изготвување планови за продажба и грижа за нивното дневно/месечно/годишно исполнување
- Изградба на мрежа на агенти и грижа за дневните/месечните/годишните цели на подружницата
- Продажба на осигурителни полиси и комуникација со постоечки и потенцијални клиенти;
- Постојана анализа на пазарот, анализа на потребите на клиентот, подготовка на понуди и презентирање пред клиентите
- Запознавање на клиентите со осигурителните услуги кои ги нудиме и презентирање на нивните права и обврски
- Административно водење на целокупната документација на друштвото и архивирање
- Водење грижа за подружницата согласно законските регулативи
ОЧЕКУВАНИ СПОСОБНОСТИ И ВЕШТИНИ:
- Самоиницијативност
- Ажурност во работење и навременост
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Професионален однос
- Комуникациски и организациски вештини
- Способност за идентификација на проблеми
НИЕ НУДИМЕ
- Компетитивна плата
- Пријателска работна атмосфера
- Динамична и одговорна работа со постојан раст
- Работа со тим од професионалци и индивидулаци, кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација
- Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа
Испратете го вашето CV и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.