Vrabotuvanje.com - Раководител на сектор за јавни набавки - Гостивар - ДРЖАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА
Share
Tweet
Share
Send to friend

Раководител на сектор за јавни набавки

Гостивар

Application deadline:

  • ДРЖАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува
 

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 231/2024

 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Општина Гостивар 

1. УПР0101Б02000 Раководител на сектор за јавни набавки(1) 

Општи услови
  • -   да е државјанин на Република Македонија,
  • -   активно да го користи македонскиот јазик,
  • -   да е полнолетен,
  • -   да има општа здравствена способност за работното место,
  • -   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
  • - ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки: Право, Економија и бизнис
  • - најмалку 5 (пет) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 8 (осум) години работно искуство во струката од кои најмалку 3 (три) години на раководно работно место во приватен сектор
   Општи работни компетенции
  • - решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
  • - учење и развој
  • - комуникација
  • - остварување резултати
  • - работење со други/тимска работа
  • - стратешка свест
  • - ориентираност кон странките/засегнати страни
  • - раководење и
  • - финансиско управување
   Посебни работни компетенции
  • - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • - потврда за положен испит за административно управување
  • - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Дополнителни услови
  • - Соодветна потврда за положен испит за лице за јавни набавки
Распоред на работно време
  • -   Работни денови понеделник-петок
  • -   Работни часови неделно 40
  • -   Работно време од 08:00 до 16:00
  • -   Опис за работното време
Паричен нето износ на плата: 49.804,00 Денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2024 год. се : Албанец(ка) 1.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 - административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.

Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

Apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Public services and non-profit organizations amounts to 32.203 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more