Vrabotuvanje.com - Вработување во Индустри Сервис - Битола - ИНДУСТРИ СЕРВИС ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

Вработување во Индустри Сервис

Битола

Application deadline:

  • ИНДУСТРИ СЕРВИС ДОО
  • Address: ул. Магдалена Антова бр.32, 1000 Скопје
  • Web: http://industriservis.mk

 

Индустри Сервис, компанија специјализирана за организирана исхрана и индустриски кетеринг која е водечка во областа, отвара своја кујна во глобалната индустриска групација KROMBERG & SCHUBERT – Битола.

Задоволство ни е да ве поканиме да бидете дел од нашиот тим. Станете дел од нашата успешна приказна која ја раскажуваме веќе 22 години, во кои подготвивме над 20.000.000 оброци за нашите клиенти.

За таа цел имаме потреба од следниве работни позиции:

РАКОВОДИТЕЛ НА КУЈНА
ТЕХНОЛОГ
ГОТВАЧИ - 15 извршители
ПОМОШНИЦИ ВО КУЈНА - 50 извршители
МАГАЦИОНЕРИ - 2 извршители
РАБОТНИЦИ ВО БИФЕ - 10 извршители

 

ШТО НУДИМЕ:

  • Обезбедена континуирана обука и поддршка во сите работни процеси;
  • Обезбеден превоз за вработени од Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар и Ресен;
  • Обезбеден топол оброк;
  • Исплата на годишен регрес (К-15);
  • Исплата на сите додатоци на плата согласно Закон за работни односи (минат труд, трета смена, работа во недела, работа на празник);
  • Ваучер за склучен брак;
  • Слободен ден за роденден;
  • Колективно осигурување на вработените од незгода 24/7;

 

Апликациите испраќајте ги преку Брзата Апликација со назнака за работната позиција за која аплицирате.

РАКОВОДИТЕЛ НА КУЈНА
 

Должности и одговорности:

  • Ја претставува компанијата на позитивен и професионален начин;
  • Го организира и контролира целокупното работење во кујната;
  • Превзема потребни активности за унапредување и осовремување на организацијата на     работење за рационализација и реализација на угостителските услуги;
  • Одговорен е за економично и рентабилно работење на кујната,  согласно дефинираните нормативи

Потребни квалификации и способности:

  • Универзитетска диплома (Предност ќе имаат кандидатите со завршен Економски Факултет)
  • Високо развиена способност за индивидуална работа и работа во тим и ориентираност кон исполнување на задачи во кратки рокови
  • Високо развиени комуникациски вештини
  • Организираност и аналитичност
  • Мотивирана личност ориентирана кон детали
  • Познавање на работење со компјутери (напредно познавање на MS Office)

ТЕХНОЛОГ

Должности и одговорности:

  • Ги контролира техничко-технолошките процеси во кујната, вклучувајќи го просторот на објектот каде што се приготвува храната, ресторанот со линијата за послужување, магацинскиот простор со суровините и разладните уреди.
  • Превзема потребни активности за унапредување и осовременување на организацијата на работење за рационализација и реализација на угостителските услуги.
  • Одговорен за правилно спроведување на дефинираните процедури за работа, согласно имплементираниот ситем за управување со безбедноста на храната ISO 22000, и HACCP системот, како и негово континуирано надградување.
  • Одговорен за навремена имплементација на сите законски регулативи поврзани со безбедност на храна
  • Одговорен за обука за системите за квалитет и безбедност на храна за сите вработени и нововработени, водејќи грижа за правилно имплементирање на усвоените процедури за лична хигиена и здравствена состојба.

Потребни квалификации и способности:

  • Високо образование –Tехнолошки факултет/прехрамбено и биотехнолошко инженерство
  • Одлични организациски, аналитички и интерперсонални способности
  • Искуство со ситеми за управување со квалитет и безбедност на храна
  • Одговорност и доверливост
  • Прецизност и лична одговорност во работењето

ГОТВАЧ

Должности и одговорности:

  • Припрема на суровини и подготовка на храна  во согласност со претходно утврдени нормативи и дефинирани упатства за работа,
  • Придржување кон сите компаниски процедури за безбедност и хигена во производствениот процес,
  • Економично и рентабилно работење,
  • Организација и контрола на целокупното работење во кујната.

Потребни квалификации и способности:

  • Завршено средно образование од областа на угостителство,
  • Претходно работно искуство од дејноста ќе се смета за предност,
  • Организациски и лидерски способности,
  • Креативност и самоиницијативност,
  • Тимска работа,
  • Висока свест за лична хигиена,
  • Работа под притисок,
  • Одговорност и доверливост,

ПОМОШНИК ВО КУЈНА

Должности и одговорности:

  • Припрема на суровини во согласност со претходно утврдени нормативи и дефинирани упатства за работа,
  • Одговорен за помош на Готвачите во тековното завршување на работните задачи,
  • Одржување на целокупната хигиена во кујната и помошните простории, опремата и инвентарот,
  • Одговорен за брзо и квалитетно послужување на клиентите и запазување на нормативите при делење на храна.

Потребни квалификации и способности:

  • Завршено средно образование
  • Претходно работно искуство во дејноста ќе се смета за предност
  • Тимска работа
  • Висока свест за лична хигиена
  • Одговорност и доверливост и самоиницијативност
  • Работа под притисок

МАГАЦИОНЕР

Должности и одговорности:

  • Одговорен е за процесот на прием на суровините и нивно соодветно складирање;
  • Да се придржува кон пропишаните работни упатства за прием и складирање на производи;
  • Грижа и одржување хигиена на магацинскиот простор;
  • Врши проверка на декларацијата на суровините, нивниот рок на траење, општата состојба, тежината, пропратната докуметација, како и хигиената и температурата на возилото од каде се врши приемот.

Потребни квалификации и способности:

  • Завршено средно образование
  • Способност за тимска и самостојна работа
  • Претходно работно искуство на иста позиција ќе се смета за предност
  • Висок степен на одговорност, професионалност и доверливост
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Прецизност и лична одговорност во работењето

РАБОТНИЦИ ВО БИФЕ

Должности и одговорности:

  • Подготовка и послужување на кафе;
  • Продажба на производи и пијалоци;
  • Одржување на целокупната хигиена на бифето;
  • Прави редовен попис и потрошок на залихите.

Потребни квалификации и способности:

  • Искуство со работа на фискална каса
  • Организираност и одговорност
  • Одлични комуникациски вештини
  • Професионалионален и љубезен однос кон клиентите
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за работа под притисок и со кратки рокови
  • Прецизност и лична одговорност во работењето

Веб страна: http://industriservis.mk/

 

 
 
Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Tourism (HoReCa) amounts to 20.094 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more