Vrabotuvanje.com - Референт за увоз/извоз - Прилеп - МИКРОСАМ ДОО ПРИЛЕП
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Референт за увоз/извоз

Прилеп

Application deadline:

  • МИКРОСАМ ДОО ПРИЛЕП

За Микросам:

Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 330 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити.  Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com

Микросам ДОО, светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, има потреба од нов стручен кадар:
 

РЕФЕРЕНТ ЗА УВОЗ / ИЗВОЗ

 

Основни одговорности и задачи:

  • Организирање и проверка на увоз/извоз 
  • Прибавување и проверка на неопходна увозна/извозна документација
  • Проверка на тарифни броеви при увоз и извоз
  • Организирање на транспорт и следење на пратки во транспорт 
  • Контакт со купувачи/добавувачи од странство во врска со извоз/увоз
  • Контакт со Царинска Управа на Р. Македонија
  • Редовно следење на законски и регулативни измени во постапките за увоз-извоз

Квалификации и компетенции:

  • Универзитетска диплома во областа на царина и шпедиција, економија или право
  • Работно искуство во увоз/извоз, шпедиција или царина ќе се смета за предност
  • Задолжително познавање на англиски јазик, писмен и говорен (познавање на германски јазик ќе се смета за предност)
  • Способност за планирање, приоретизирање и навремено извршување на задачите
  • Одлични комуникациски и меѓучовечки вештини
  • Самоиницијативност и способност за самостојна работа
  • Оринтираност кон критично размислување и решавање на проблеми
  • Способност за работа во динамична работна средина, под притисок и во кратки рокови
  • Компетенции во користење на програмите на Microsoft Office и различни софтверски алатки

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во креативна средина
  • Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
  • Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
  • Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
  • Организиран превоз и храна

Отворените работни позиции се во нашите канцеларии во Прилеп

Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку копчето Брза Апликација.

Рокот за пријавување е до 19.10.2024.

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Mechanical Engineering and Naval Architecture amounts to 26.404 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more