Vrabotuvanje.com - Стручен медицински соработник - Територија Р. Северна Македонија - ПХАРМАС ЛЕКОВИ ДООЕЛ Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Стручен медицински соработник

Територија Р. Северна Македонија

Application deadline:

  • ПХАРМАС ЛЕКОВИ ДООЕЛ Скопје

 

За потребите на претставништво на хрватската фармацевтска компанија PharmaS во Македонија бараме

Стручен медицински соработник (м/ж)

Од кандидатите се очекува да покажат ентузијазам за понатамошно развивање на бизнис операциите на пазарот и да бидат подготвени за имплементирање на најдобрите практики во сите области на работата.

 
Одговорности:
  • Остварување на предвидениот план за продажба
  • Спроведување на предвидените маркетинг активности
  • Промоција, презентација и продажба на фармацевтски производи
  • Посета на лекари и фармацевти во зададениот регион
  • Постојан професионален развој и стручно унапредување преку присуство на конференции и семинари
  • Градење на добри релации со клиентите и репрезентирање на компанијата PharmaS и производите
  • Поднесување на извештаи за посетите на клиентите, продажбата, трошоците и промотивните активности во зададениот регион

Потребни квалификации:
  • Универзитетска диплома VII степен (медицина, фармација, стоматологија, ветерина) или средно медицинско училиште
  • Одлично познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите
  • Одлични организациски способности и вештини на планирање
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини
  • Одлично познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски и Хрватски/Српски јазик
  • Валидна возачка дозвола (Б-категорија)

Профил на идеалниот кандидат:
  • Има работно искуство на иста или слична позиција и го познава на теренот
  • Подготвен за патување
  • Ориентиран кон резултати
  • Посветен на работата и реализација на зададените цели
  • Добар слушател и комуникативен
  • Лојален и дискретен
  • Отворен и искрен
  • Тимски играч

Компанијата ќе ви овозможи:
  • Можности за градење на кариера во успешна брзорастечка глобална компанија 
  • Интересна и динамична работна средина со можност за напредување
  • Обуки и комплетни услови за успешно завршување на работните задачи
  • Конкурентен паричен надоместок соодветен на постигнатите резултати 

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим и ги исполнувате горенаведените услови потребно е да испратите резиме на македонски и на англиски јазик (кратка биографија) со фотографија, мотивациононо писмо како и уверение за завршено соодветно образование, најдоцна до 30.09.2023 година преку полето Брза Апликација.
 
Ве молиме без телефонски јавувања.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Pharmaceutics and Biotechnology amounts to 36.814 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more