Vrabotuvanje.com - Администратор - Скопје - ОИЛКО КДА
Share
Tweet
Share
Send to friend

Администратор

Скопје

Application deadline:

  • ОИЛКО КДА
 

Приклучете му се тимот со повеќе од 200 вработени и 17 годишен континуиран успех во транспортот на нафтени деривати. Поседуваме сопствена автобаза лоцирана во близината на Скопје, со повеќе од 100 возила за транспорт на различни видови деривати од реномирани производители. Бројот на возила во возниот парк, високото ниво на техничка опременост на возилата, исполнувањето на сите законски барања, како и добиените Лиценци за вршење на јавен превоз на опасни материи во внатрешниот и меѓународниот сообраќај, го поставуваат ОИЛКО КДА - Скопје на лидерската позиција во земјата и во поширокиот регион во транспортот на нафтени деривати.

Вработуваме 1 кандидат на работно место 

АДМИНИСТРАТОР

во Одделението за транспорт во Секторот за возен парк и транспорт,  на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот.

 
 

Основни одговорности и работни задачи:

  • Водење на административна документација поврзана со транспортните операции;
  • Обработка на патни налози и друга службена документација;
  • Изготвување на фактури;
  • Комуникација со вработените во одделенијата за логистика и транспорт;
  • Подготовка и следење на извештаи за транспортните активности;
  • Координација со останатите административни тимови за тековни активности.

Што добивате:

  • Работното време од понеделник до петок од 07:00 часот до 15:00 часот;
  • Право на приватно здравствено осигурување под услови утврдени во интерните акти на компанијата;
  • Организиран превоз до и од работно место;
  • Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти

Организиран превоз од-до работа.

Услови за вработување:

  • Завршено средно образование – IV степен;
  • Најмалку 1 (една) година работно искуство.

Испратете:

  • Писмо за мотивација;
  • Кратка биографија;
  • Копија од диплома за завршено образование;
  • Копија од други стекнати дипломи, сертификати и уверенија.


Потребните документи да се достават на адреса:
„ОИЛКО КДА – Скопје, ул.10 бр.152, 1042 Миладиновци, Илинден.“
Лице за контакт: Божин Мургоски, телефон за контакт: 02/ 25 20 693.

Рокот за пријавување почнува од денот на објавувањето на огласот и трае заклучно со ден 04.10.2024 година.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликацииите кои ќе бидат доставени по електронска пошта, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени во предвид.

Со аплицирањето се смета дека кандидатите се согласуваат ОИЛКО КДА Скопје да може да ги собира, обработува и чува нивните лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, согласно законсите прописи.

Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: contact@oilco.com.mk .

                   
 
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more