Vrabotuvanje.com - Техничар за терциерно производство - Скопје - El Pharma
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Техничар за терциерно производство

Скопје

Application deadline:

  • El Pharma

Европа Лек Фарма е регионален лидер во Југоисточна Европа кој нуди услуги за странски партнери, како што се маркетинг, регистрација, консигнација, логистичка поддршка на клинички испитувања и дистрибуција. Како дел од германската групација PHOENIX, која е водечка веледрогерија во 27 земји ширум Европа, секојдневно придонесуваме за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите. 
 
За повеќе информации посетете ја нашата веб страна www.elpharma.com.mk
 
Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим, на работно место
 
ТЕХНИЧАР ЗА ТЕРЦИЕРНО ПРОИЗВОДСТВО
 

 
Потребни квалификации:
  • ССС
  • Пожелно е работно искуство од најмалку една година на слична позиција
 
Опис на работата:
  • Лепење на налепници и вметнување на внатрешни упатства според процедурата
  • Изнесување на обработените артикли од погонот за терциерно и нивно дислоцирање на сталажата за „готов производ“
  • Реализација на работните налози дадени од одговорно лице на терциерно производство
 
 Потребни вештини и способности:
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
  • Прецизност
Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 07:00 до 15:00 часот. Неделното работно време е од Понеделник до Петок.
 
Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја вашата пријава преку полето Брза Апликација.

Рок на пријавување 7 дена од датумот на објавување на огласот.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
 
Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи. 
 
Пристигантите апликации ќе се чуваат во нашата база на податоци 2 години по истекување на огласот. 
 
Согласноста за чување на апликациите може да се повлече и пред истекот на наведениот рок на следната е-маил адреса: personal@elpharma.com.mk

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Pharmaceutics and Biotechnology amounts to 36.814 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more