Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - ВИВАКС ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

Сметководител

Скопје

Application deadline:

  • ВИВАКС ДОО

Вивакс е македонска компанија која постои 30 години и брои повеќе од 120 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.

Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.

Искористете ја можноста за работа во Вивакс и аплицирајте за позицијата:
 

СМЕТКОВОДИТЕЛ 


 
Одговорности и задачи: 
  • Извршува задачи од областа на Материјално-финансиското работење .(Финансиска евиденција на продажба на готов производ, Материјална и финансиска евиденција за набавени сировини за производство, Материјална и финансиска евиденција и слагање  на  производство  и др );
  • Прави калкулација на трошоци при набавка на суровини за производство -денарски и девизни калкулации;
  • Книжи во финансово, материјални влезни фактури, денарски и девизни;
  • Книжи излезни фактури за продажба;
  • Води книга на основни средства и врши пресметка на амортизација на основните средства и ги книжи во материјалното сметководство;
  • Врши усогласување на  аналитичка со синтетичка евиденција;
  • Врши усогласување на финансиското со материјалното сметководство;
  • Учествува во подготвување на годишна сметка;
  • Извршува и други работни обврски од областа на сметководство;
 
Потребни квалификации: 
  • ВСС (Економски факултет ќе се смета за предност);
  • Претходно работно искуство на иста или сродна позиција најмалку 3 (три) години;
  • Поседување на лиценца за сметководител се смета за предност;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Одличо познавање на MS Office пакетот;
 
Од кандидатот очекуваме:
  • Способност за работа во тим;
  • Самоиницијативност, исполнителност и чесност;
  • Организираност и одговорност;
 
 Ви нудиме:
  • Исплата на регрес за годишен одмор;
  • Можност за напредување во работата и награди за работна успешност и посветено извршување на работните задачи;
  • Обезбеден оброк;
  • Работа во пријатна и позитивна атмосфера.
 
Општи правила за аплицирање:
  • Именување на документот за аплицирање - CV (во кое ќе бидат наведени степенот на образование и работното искуство;
  • Назнака на позицијата за која се аплицира (во самиот маил);
 
Во зависност од бројот на пријавените кандидати, изборот на кандидат ќе се изврши во период од 30-90 дена по истекот на рокот за аплицирање.
 
Со Вашата апликација давате согласност за задржување на испратените податоци во базата за идни вработувања на компанијата во рок од 1 (една) година. Истите ќе бидат третирани со максимална доверливост и заштита.
 
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци на e-mail: vrabotuvanje@vivaks.com.mk со задолжителна назнака “СМЕТКОВОДИТЕЛ
 
Конкурсот е отворен 10 работни денови од неговото објавување (од 25.09.2024 до 08.10.2024).
 
Напомена:
Единствено кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани за интервју.
Апликациите без назнака за позицијата на која кандидатот аплицира НЕМА да бидат разгледани!
 

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more