Vrabotuvanje.com - Фарбар за антикорозивна заштита - Скопје - ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Фарбар за антикорозивна заштита

Скопје

Application deadline:

  • ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата. 

Денес повеќе од 1300 вработени работат во фабриката со површина од 78.000 м2, произведувајќи автобуси за пребирливите, со почитување на строгите стандарди и критериуми на европските и северноамериканските пазари. Од самиот почеток постојано вложуваме напори дел од своите вградени компоненти да ги обезбедиме од локални извори. Денес ВДЛ Ван Хоол Македонија е сериозен партнер на повеќе од 20 домашни фирми, а во повеќето од нив самата компанија има вложено во нивното знаење со цел да им помогне да станат добавувачи на врвна светски позната компанија. 

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

ФАРБАР ЗА АНТИКОРОЗИВНА ЗАШТИТА

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

 

  • Нанесување заштитни слоеви (главно прајмер) на автобуси или делови;
  • Припрема на боја и прајмери според упатство за мешање на компоненти
  • Поврзување на опремата ( високопритисни пиштоли и високопритисни црева за фарбање )
  • Боење со спреј (прајмер)
  • Прскање боја по правило: рамномерно, редовно, чисти и мазни површини
  • Извршува дневни рутини за одржување на опремата за испрскување на боја
  • Посебно внимание за економично користење на материјалите.
​​​
 
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
  • Минимум средно образование од техничките струки;
  • Способност за прецизна работа со детали;
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови.
 
ШТО НУДИМЕ:
  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ плус минат труд;
  • Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст;
  • Можности за обука во странство;
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура;
  • Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот;
  • Регрес двојно поголем од законски пропишаниот (23.100 денари);
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода; 
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард;
  • Обезбеден превоз до/од работното место;
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места;
  • Бонус за препорачан пријател на работа;
  • Тим билдинг активности; 

 

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на https://www.vanhool.com/mk, во делот “Кариери”

 
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 
 
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Healthcare and Social Work amounts to 23.752 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more