Vrabotuvanje.com - Виш специјалист за канали за плаќање - Скопје - Македонски Телеком АД-Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

Виш специјалист за канали за плаќање

Скопје

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД-Скопје

Ние сме првиот и најдобар телекомуникациски оператор во Македонија, и веќе 23 години сме горд член на Групацијата Дојче Телеком. Нашата мисија е сите наши корисници да добијат исклучителни услуги и грижа, па поради тоа постојано инвестираме во најнови технологии и најиноватвни продукти, услуги и процеси со кои ги задоволуваме и најпребирливите барања и потреби на нашите корисници. Нашите корисници се во фокусот на нашето работење и за нив обликуваме дигитални продукти кои ќе ги доближат нашите услуги до секој корисник, во секое време и од секаде на едноставен, комфорен и доверлив начин.

Нашите вработени се нашето најголемо богатство, а ние им обезбедуваме можности да го развијат својот потенцијал и да дадат свој придонес со своите силни страни и идеи, да бидат креативни, да работат со голема автономија, фокусирани на резултатите и корисниците, но и да се забавуваат додека сме на работното место.

Приклучете ни се и заедно ќе работиме на проекти преку кои оставаме белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен. Ајде заедно да го создаваме дигиталниот свет од иднината.

Виш специјалист за канали за плаќање

Во моментов бараме Виш специјалист за канали за плаќање кој би се приклучил на нашиот тим и би учествувал во управувањето со каналите за плаќање, воедно идентификувајќи ги новите можности, но и желбите и потребите на корисниците. Вишиот специјалист за канали за плаќање ќе управува и со процесот на порамнување на плаќања од корисници/партнери и координација со учесниците во платниот промет обезбедувајќи оптимални трошоци, брзина и едноставност на целокупниот процес.

Работни задачи:

  • Дефинирање на процесот на порамнување на плаќања од корисници/партнери во линија со политиката на компанијата, вклучително и координација на активностите во рамки на тимот.
  • Дефинирање на потребни контролни точки во процесот во насока на навременост, ефикасност и ефективност на истиот.
  • Анализа на резултатите од процесот од аспект на трошок, едноставност на користење, задоволство на корисниците и иницирање/имплементација на подобрувања каде што се потребни.
  • Дефинирање на функционални барања за надградба на системот за порамнување на плаќањата со цел оптимизација и автоматизација на процесот вклучително и техничко поврзување со учесниците во платниот промет и каналите на плаќање.
  • Следење на измените во платниот промет и дефинирање на мерки, подобрувања и воведување на нови канали за плаќање.
  • Осигурување на непречен, брз тек на информации од/до другите функционални области за потребите на процесот на  порамнување на плаќања од корисници/партнери како и разбирање на потребите на корисниците/бизнисот и соодветно адаптирање на процесот.
  • Активно вклучување во други деловни задачи од делокругот на активностите во рамки на финансиските односи со корисници, а во насока на координирано и ефикасно управување во сите точки на процесот.

Потребни квалификации:

  • Високо образование од областа на Економија, Електротехника, Компјутерски науки и сл.
  • Минимум 3 години релевантно работно искуство
  • Познавање на регулативата од областа на платен промет и e-commerce решенија
  • Искуство во анализа, оптимизација и управување со процеси
  • Искуство во управување со проекти и дефинирање на барања за развој на софтвер
  • Аналитички компетенции
  • Одлични комуникациски вештини
  • Амбициозност и желба за постојано учење
  • Иновативност и способност за воочување на нови можности

Што очекуваме:

  • Тимски играч и искуство во координација на тим
  • Подготвеност за учење на нови процеси и технологии
  • Ориентираност кон резултати
  • Аналитички вештини
  • Вљубеник во оптимизација и автоматизација на процеси

Ова е возбудлива можност за динамичен поединец кој сака да напредува во брзорастечка средина и е подготвен да учествува во градењето на успехот на бизнисот преку иновативни процеси. Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим.

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Приватно здравствено осигурување
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Работно време:

Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00  часот)

Како да аплицирате: Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за вработување на Продажен претставник за малопродажба.

Контакт информации тел. 02/2 3 242-694

Огласот ќе биде отворен од 26.09.2024 до 06.10.2024.

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more