This ad is not active. Ad application not possible.
Нема да веруваш колку работодавачите во Македонија плаќаат за твојата работа!
Скопје
Application deadline:
Ние сме првиот и најдобар телекомуникациски оператор во Македонија, и веќе 23 години сме горд член на Групацијата Дојче Телеком. Нашата мисија е сите наши корисници да добијат исклучителни услуги и грижа, па поради тоа постојано инвестираме во најнови технологии и најиноватвни продукти, услуги и процеси со кои ги задоволуваме и најпребирливите барања и потреби на нашите корисници. Нашите корисници се во фокусот на нашето работење и за нив обликуваме дигитални продукти кои ќе ги доближат нашите услуги до секој корисник, во секое време и од секаде на едноставен, комфорен и доверлив начин.
Нашите вработени се нашето најголемо богатство, а ние им обезбедуваме можности да го развијат својот потенцијал и да дадат свој придонес со своите силни страни и идеи, да бидат креативни, да работат со голема автономија, фокусирани на резултатите и корисниците, но и да се забавуваат додека сме на работното место.
Приклучете ни се и заедно ќе работиме на проекти преку кои оставаме белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен. Ајде заедно да го создаваме дигиталниот свет од иднината.
Виш специјалист за канали за плаќање
Во моментов бараме Виш специјалист за канали за плаќање кој би се приклучил на нашиот тим и би учествувал во управувањето со каналите за плаќање, воедно идентификувајќи ги новите можности, но и желбите и потребите на корисниците. Вишиот специјалист за канали за плаќање ќе управува и со процесот на порамнување на плаќања од корисници/партнери и координација со учесниците во платниот промет обезбедувајќи оптимални трошоци, брзина и едноставност на целокупниот процес.
Работни задачи:
Потребни квалификации:
Што очекуваме:
Ова е возбудлива можност за динамичен поединец кој сака да напредува во брзорастечка средина и е подготвен да учествува во градењето на успехот на бизнисот преку иновативни процеси. Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим.
Што нудиме:
Работно време:
Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)
Како да аплицирате: Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за вработување на Продажен претставник за малопродажба.
Контакт информации тел. 02/2 3 242-694
Огласот ќе биде отворен од 26.09.2024 до 06.10.2024.
Забелешка:
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.
Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!