СЕГА СМЕ ВО ПОТРАГА ПО
МЕДИЦИНСКА СЕСТРА / ТЕХНИЧАР ВО СКОПЈЕ
МИСИЈА:
Обезбедување високо ниво на медицинска нега на пациентите во центрите за дијализа
ОДГОВОРНОСТИ:
Во нашиот центар во Визбегово, нудиме хемодијализа, хемодијафилтрација и најдобра можна нега врз основа на индивидуалните медицински потреби на пациентите и со силен фокус на нашите пациенти да се чувствуваат вклучени во нивниот третман.
- Дијализно лекување на пациенти според процедури;
- Едукација и информирање на пациентите - според упатствата на лекарот - за нивната бубрежна болест, исхрана и лекови;
- Учество во развојот на сестринската работа и здравствената едукација на пациентите.
ЗА ТЕБЕ:
- Минимум ССС Медицинско училиште отсек медицинска сестра/ техничар
- Стекната лиценца за работа за медицинска сестра/ техничар
- Работа со компјутери и познавање на MS Office
- Работното искуство на дијализа ќе се смета за предност
- Способност за брзо учење
- Развиени комуникациски вештини
- Организираност, самоиницијативност и стручност
ПРИДОБИВКИ:
- 36 часа неделно работно време
- Секогаш слободни недели
- Пристап до нашиот внатрешен портал за обука акредитирана од меѓународната организација EDTNA потврдена со сертификат
- Менторска поддршка за време на периодот на имплементација
- Можност за професионален развој и надоградба
- Атрактивни услови за вработување во меѓународна компанија со воспоставена позиција на пазарот
- Пријателска работна атмосфера со посветен и поддржувачки тим
- Солидни и редовни месечни примања согласно законската и подзаконската регулатива во Македонија
Во Диаверум ги цениме различностите. Посветени сме на еднакви можности и на создавање на инклузивна работна средина за сите наши луѓе. Ги поздравуваме апликантите без разлика на етничка припадност, националност, пол, родов идентитет, боја на кожа, религиозни убедувања, попреченост, сексуална ориентација, возраст или брачен статус.
Аплицирај со испраќање CV на маил hr.macedonia@diaverum.com или преку полето Аплицирај.