Vrabotuvanje.com - Сервисер и помошник сервисер на фотокопири - Скопје - РИКОМАК КОПИР-СЕРВИС
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Сервисер и помошник сервисер на фотокопири

Скопје

Application deadline:

  • РИКОМАК КОПИР-СЕРВИС

Rikomak Copier Service e официјален дистрибутер и сертифициран сервис на Ricoh International. Ги бележи своите скромни почетоци од 1991 година, како увозник и сервисен центар на Ricoh фотокопири во Република Македонија. Со зголемената побарувачка на решенија за печатење и копирање, во комбинација со професионализам и стручност на сервисниот центар, компанијата доживеа раст, a притоа континуирано го одржа нивото на квалитет.

Ја задржавме нашата позиција на пазарот со нагласување на важноста на квалитетот за нашиот бизнис, на исто ниво како и нашите ценети клиенти. Во суштина, ние се стремиме да им обезбедиме производи и услуги кои ги задоволуваат и дури ги надминуваат нивните очекувања.

Посветени сме на континуирано усовршување и имаме воспоставено систем за управување со квалитет кој обезбедува рамка за мерење и подобрување на нашите перформанси.

СЕРВИСЕР и ПОМОШНИК СЕРВИСЕР НА ФОТОКОПИРИ
Два ИЗВРШИТЕЛи

Потребни вештини и способности:

  • Организациски способности
  • Професионален однос кон работа и клиенти
  • Тимска и самостојна работа
  • Верност, љубезност и комуникативност
  • Лојалност, флексибилност и енергичност
  • Позитивен став

Почетни задачи:

  • Континуиран тренинг за сервисирање на фотокопири
  • Испораки, инсталирање, одржување, поправки, ревизии и редовни прегледи на фотокопири
  • Испитување и целосна проверка на апаратите при теренска работа на повик

Потребни квалификации:

  • ​Образование - ССС
  • Работно искуство за сервисирање на фотокопири и принтери ќе се смета за предност
  • Познавање на механика
  • Солидно познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б-категорија - активно возење
  • Место на живеење - Скопје

Ние нудиме:

  • Редовна плата + бонуси од сработеното
  • Службен телефон
  • Обезбедена обука
  • Работно време од понеделник до петок 08:00 - 16:30ч


 

Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил,
пратете Ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.

Повеќе информации на: www.rikomak.mk

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more