Vrabotuvanje.com - Администратор за тендерско работење - Скопје - РИКОМАК КОПИР-СЕРВИС
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Администратор за тендерско работење

Скопје

Application deadline:

  • РИКОМАК КОПИР-СЕРВИС

Rikomak Copier Service ги бележи своите скромни почетоци од 1991 година, како единствен снабдувач, увозник, и сервисен центар на Nashua фотокопири во Република Македонија. Со зголемената побарувачка на решенија за печатење и копирање, во комбинација со професионализам и стручност на сервисниот центар, компанијата доживеа раст, a притоа континуирано го одржа нивото на квалитет.

Ја задржавме нашата позиција на пазарот со нагласување на важноста на квалитетот за нашиот бизнис, на исто ниво како и нашите ценети клиенти. Во суштина, ние се стремиме да им обезбедиме производи и услуги кои ги задоволуваат и дури ги надминуваат нивните очекувања. 

Посветени сме на континуирано усовршување и имаме воспоставено систем за управување со квалитет кој обезбедува рамка за мерење и подобрување на нашите перформанси.

Администратор за тендерско работење
еден ИЗВРШИТЕЛ

Потребни вештини и способности:

  • Комуникациски и презентерски вештини
  • Професионален однос кон клиенти
  • Организациски вештини, љубезност и позитивност
  • Флексибилност за работа на терен

Одговорности и задачи:

  • Изработка на тендерска документација (техничка и административна)
  • Секојдневно следење на активни тендери во земјата и регионот и проследување на информација до тимот
  • Изработка и следење на договори.

Потребни квалификации:

  • ВСС Економски/ Правен факултет
  • Претходно работно искуство со проекти, следење и управување со тендери
  • Одлично познавање на Microsoft Office
  • Работа со компјутери и  Word, Excel, Outlook, Internet.
  • Познавање на Закон за јавни набавки
  • Возачка дозвола Б- категорија – активен возач


Ние нудиме:

  • Редовна плата + бонуси од сработеното
  • Службен телефон и службено возило
  • Обезбедена обука
  • Работно време од понеделник до петок 08:00 - 16:30ч

 

Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил,
пратете Ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.

Повеќе информации на: www.rikomak.mk

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more