Vrabotuvanje.com - Референт за финансии и администрација - Скопје - РИКОМАК КОПИР-СЕРВИС
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Референт за финансии и администрација

Скопје

Application deadline:

  • РИКОМАК КОПИР-СЕРВИС

Rikomak Copier Service ги бележи своите скромни почетоци од 1991 година, како единствен снабдувач, увозник, и сервисен центар на Nashua фотокопири во Република Македонија. Со зголемената побарувачка на решенија за печатење и копирање, во комбинација со професионализам и стручност на сервисниот центар, компанијата доживеа раст, a притоа континуирано го одржа нивото на квалитет.

Ја задржавме нашата позиција на пазарот со нагласување на важноста на квалитетот за нашиот бизнис, на исто ниво како и нашите ценети клиенти. Во суштина, ние се стремиме да им обезбедиме производи и услуги кои ги задоволуваат и дури ги надминуваат нивните очекувања. 

Посветени сме на континуирано усовршување и имаме воспоставено систем за управување со квалитет кој обезбедува рамка за мерење и подобрување на нашите перформанси.

РЕФЕРЕНТ ЗА ФИНАНСИИ И АДМИНИСТРАЦИЈА
еден ИЗВРШИТЕЛ

Потребни вештини и способности:

  • Најмалку 2 години искуство во финансии и/или административна работа
  • Отворена личност со одлични организациски вештини
  • Напредни компјутерски вештини (Excel / Word)
  • Предност познавање на сметководство

Одговорности и задачи:

  • Водење евиденција на сите рокови поврзани со финансиското работење на компанијата
  • Одговорност за двени уплати, изводи, дневен промет и материјални трошоци
  • Подготовка на документи за сметководство
  • Останати административни работи


Ние нудиме:

  • Редовна плата + бонуси од сработеното
  • Службен телефон и службено возило
  • Обезбедена обука
  • Работно време од понеделник до петок 08:00 - 16:30ч

 

Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил,
пратете Ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.

Повеќе информации на: www.rikomak.mk

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more