Компанијата Текнопанел е една од најголемите извозници во Рeпублика Турција и на листата Топ 500 водечки индустриски компании во земјата, со 4 фабрики во Турција. Република Северна Македонија е првата инвестициска дестинација за Текнопанел вон матичниот пазар, а планирани се да се изградат две фабрики чија главната дејност ќе биде производство на Експандиран полистирен и Сендвич панели.
Двете фабрики се во почетна фаза на изградба во Технолошко Индустриска Развојна Зона – Скопје 1, Бунарџик/Илинден, и истата поради тоа има потреба од следните работни позиции:
1. Оператори (работници) во производство
2. Магационер
- ССС
- Задолжително работно искуство во производство
- Познавање и работа со компјутер
- Можност за работа во смени
- Водење и следење на технолошкиот процес и работа на производна линија
- Ракување со сите релевантни машини, алати и опрема, извршување на производствени задачи во согласност со инструкциите и стандардите на компанијата;
- Поставување и прилагодување на опремата согласно спецификациите за производство;
- Следење на квалитетот на производот, со цел навремено да се идентификува, отфрли или спречи произведство на неисправни производи;
- Завршено средно образование
- Познавање на работа со компјутер
- Ракување со виљушкар (сертификат/лиценца)
- Работно искуство во областа мин.3 години (предност работно искуство во фабрика)
- Прецизност и ажурност во работата;
- Можност за работа во смени.
- Магацинско работење
- Редење на роба во магацин, спремање на истата за дистрибуција
- Надгледување и водење сметка за магацинот
- Управување со виљушкар
Компанијата нуди:
- безбедна и сигурна работна средина;
- редовна исплата на плата и надоместоци;
- кариерен развој и личен напредок
- организиран транспорт и оброк
- можност за обука во странство.
Доколку сте заинтересирани испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација.