Vrabotuvanje.com - Оператори на ЦНЦ машини - Охрид - ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Оператори на ЦНЦ машини

Охрид

Application deadline:

  • ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ

Друштво за производство и услуги ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ Охрид во Северна Македонија е основана во 1961 година и се приклучи на LTH Castings Group во 2005 година. Почнувајќи од 60-тите години како снабдувач за автомобилската индустрија на поранешна Југославија, покривајќи различни категории на делови и материјали, компанијата еволуираше во структуриран и економичен производител на алуминиумски компоненти, базиран на техничко знаење на стручни кадри.

LTH Castings – ЛТХ Леарница вработува:

ОПЕРАТОРИ НА ЦНЦ МАШИНА

Главни задачи на избраниот кандидат ќе бидат:

  • работa на центри за глодање со 3 и 5 оски со контролер на Хајденхајм,
  • едноставно програмирање во програмата NCG CAM и основно програмирање на контролерот,
  • производство на сложени делови од алатите,
  • вршење на работни операции според барањата наведени во техничка документација,
  • познавање на основни CAD програми - преглед на модели,
  • познавање на основни материјали и нивна термичка обработка,
  • контрола на извршената работа и управување со документацијата за самоконтролирање,
  • подготовка на работното парче и алати за глодање и бушење,
  • обработка на сложени компоненти на алати,
  • самоодржување на машината според пропишаниот план,
  • грижа за голема искористеност на машината,
  • грижа за чисто и уредно работно место,
  • почитување на прописите од областа на безбедноста при работа и екологијата,
  • извршување на други работи во согласност со квалификациите на работникот и упатствата на работодавачот.

Од кандидатите очекуваме:

  • Oбразование: машински техничар, останати технички струки
  • подготвеност за работа во смени,
  • читање нацрти, скици и цртежи
  • искуство со работа на ЦНЦ машини е пожелно
  • точност,
  • Способност за тимска работа,
  • организација на сопствената работа,
  • чувство за простор и чистота.

На избраниот кандидат му нудиме:

  • покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
  • обезбеден топол оброк
  • додатоци на плата за сменска работа и други додатоци
  • исплата на регрес за годишен одмор
  • исплата на новогодишен надоместок, доброволно приватно здравствено осигурување
  • награди и бонуси согласно покажани резултати

НАПОМЕНА!: фирмата обезбедува стручна обука за управување во виљушкарот, безбедноста при управувањето и начинот на работа. Потребна е само желба за работа.

Како да аплицирате:

Сите заинтересирани апликациите можат да ги испратат   hr.mk@lthcastings.com / преку брза апликација или посетете ја нашата веб страна  https://www.lthcastings.com/mk/kariera .  Во најскоро време само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

ЛТХ Леарница е работодавач со еднакви можности и ги охрабрува кандидатите од сите средини да аплицираат. Го цениме времето и трудот вложени во секоја апликација, но само квалификуваните кандидати ќе бидат контактирани за интервју. Ви благодариме што размислувате за кариера со нас!

www.lthcastings.com

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more