Vrabotuvanje.com - Административен секретар (секретарка) - Скопје - ГОЛДЕН АРТ ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Административен секретар (секретарка)

Скопје

Application deadline:

  • ГОЛДЕН АРТ ДОО

Golden Art е продолжение на семејната традиција која се протега четири генерации наназад. Од манастирите и црквите во источниот дел на Македонија, преку изградбите на објекти во струмичкиот, гевгелискиот и валандовскиот регион до неколкугодишната работа и непроценливото искуство на градилиштата во Германија, вложениот труд на нашите семејни предци беше мотив за отворање на сопствена градежна компанија. Приказната на Golden Art започна во 2005 година. По многу предизвици и меѓународно искуство, зад нас оставаме над 55 комплетирани референтни објекти во Македонија и Црна Гора, а нашиот тим веќе брои повеќе од 150 посветени вработени кои ја спојуваат својата вештина со најквалитетните материјали на пазарот – по светски стандарди.

Задоволството на клиентот е наша најголема мотивација, па затоа, нашата репутација ја градиме со квалитет и посветеност во изградбата, истовремено нудејќи ги најиновативните решенија за сѐ што Вам Ви е потребно, од проектна документација и ентериерно обликување, до изведба на најсложените објекти во секторот високоградба.

Административен секретар (секретарка)

 
 
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
 
  • ВСС
  • Комуникативна личност и способност за работа во тим
  • Организираност, иницијативност и лојалност
  • Задолжително претходно работно искуство
  • Задолжително познавање на MS office
  • Познавање на англиски јазик (говор и писмо)
  • Познавање на принципи на административно работење
  • Високо развиени аналитички и организациски способности и прецизност во работењето
  • Способност за извршување на работните задачи во зададени рокови и проценка на приоритети

Опис на работна позиција :

  • Изготвување на писма и друга документација(дописи)
  • Комуницирање со клиентите и деловните партнери
  • Соработка и комуникација со јавни институции (УЈП, Централен Регистар,царина,статистика и др.)
  • Познавање на office пакетот
  • Прима повици преку кои закажува состаноци, дава одговори на рутински прашања/барања или ги пренасочува кон другите служби
  • Пречекува гости, ги спроведува или посредува/извршува закажана услуга од доменот на организацијата
  • Отвора пошта, ја предава на потпис, а потоа ја дистрибуира до соодветната служба
  • Прима електронска пошта, одговара или ја дистрибуира до соодветната служба
  • Пренесува зададени информации
  • Изготвува документи, се грижи за изгледот и коректноста на документите за експедирање
  • Умножува документи по пат на фотокопирање или скенирање
  • Праќа честитки и телеграми
  • Води дневен календар на состаноци и задачи
  • Врши преводи и кореспондира со странство по писмен и устмен пат
  • Врши резервација на ресторани, хотели, авио билети, изготвува соодветна документација за таа цел
  • Се грижи за уредноста на просториите
 
 

Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака административен секретар . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more