Одговорности и задачи:
- Извршува задачи од областа на Материјално-финансиското работење .(Финансиска евиденција на продажба на готов производ, Материјална и финансиска евиденција за набавени сировини за производство, Материјална и финансиска евиденција и слагање на производство и др );
- Прави калкулација на трошоци при набавка на суровини за производство -денарски и девизни калкулации;
- Книжи во финансово, материјални влезни фактури, денарски и девизни;
- Книжи излезни фактури за продажба;
- Води книга на основни средства и врши пресметка на амортизација на основните средства и ги книжи во материјалното сметководство;
- Врши усогласување на аналитичка со синтетичка евиденција;
- Врши усогласување на финансиското со материјалното сметководство;
- Учествува во подготвување на годишна сметка;
- Извршува и други работни обврски од областа на сметководство;
Потребни квалификации:
- ВСС (Економски факултет ќе се смета за предност);
- Претходно работно искуство на иста или сродна позиција најмалку 3 (три) години;
- Поседување на лиценца за сметководител се смета за предност;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одличо познавање на MS Office пакетот;
Од кандидатот очекуваме:
- Способност за работа во тим;
- Самоиницијативност, исполнителност и чесност;
- Организираност и одговорност;
Ви нудиме:
- Исплата на регрес за годишен одмор;
- Можност за напредување во работата и награди за работна успешност и посветено извршување на работните задачи;
- Обезбеден оброк;
- Работа во пријатна и позитивна атмосфера.
Општи правила за аплицирање:
- Именување на документот за аплицирање - CV (во кое ќе бидат наведени степенот на образование и работното искуство;
- Назнака на позицијата за која се аплицира (во самиот маил);
Во зависност од бројот на пријавените кандидати, изборот на кандидат ќе се изврши во период од 30-90 дена по истекот на рокот за аплицирање.
Со Вашата апликација давате согласност за задржување на испратените податоци во базата за идни вработувања на компанијата во рок од 1 (една) година. Истите ќе бидат третирани со максимална доверливост и заштита.
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци на e-mail: vrabotuvanje@vivaks.com.mk со задолжителна назнака “СМЕТКОВОДИТЕЛ“
Конкурсот е отворен 10 работни денови од неговото објавување (од 09.10.2024 до 23.10.2024).
Напомена:
Единствено кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани за интервју.
Апликациите без назнака за позицијата на која кандидатот аплицира НЕМА да бидат разгледани!