Vrabotuvanje.com - Маркетинг Менаџер (Retail) - Скопје - МАКС БЕТ ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Маркетинг Менаџер (Retail)

Скопје

Application deadline:

  • МАКС БЕТ ДООЕЛ
Макс Бет Групацијата веќе 30 години приредува игри на среќа во Србија и регионот. Од оваа година станавме дел од Flutter International, глобален лидер во областа на спортското обложување, игри и забава. На нашите играчи им пружаме врвно искуство на преку 300 локации во Србија, Босна, Црна Гора и Македонија. Човекот е нашиот двигател. Затоа што нашите вработени ја споделуваат нашата мисија, тие се нашата најголема вредност. Поради ширење на нашата компанија, имаме потреба од одговорни и исклучителни луѓе за позицијата:

МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР (RETAIL)

За позицијата:
  • Како Маркетинг Менаџер (Retail), ќе учествувате во предлагање, подготовка и имплементација на промотивни активности кои помагаат да се развие и зајакне брендот на компанијата, да се обезбеди поддршка во промовирање на производи, услуги и постигнување деловни цели. Ќе бидете во постојана комуникација со реонските и регионалните менаџери, со агенции, медиумски партнери и со организации со кои компанијата соработува.
Клучни одговорности​:
  • Управување со следните (landbasе) активности: креирање на маркетинг планови за промотивни активности во комуникација со регионалните и реонските менаџери, следење на плановите и реализација на активностите, подготовка на POS материјали со тимот за дизајн, дистрибуција на локации, одржување, следење и проверка на состојбата на промотивни материјали, акции и активности.
  •  Ги следи и анализира резултатите од сите промоции и известува за истите.
  • Промотивни активности: Управување и надзор на односите со надворешни агенции (за креатива и продукција), партнерски компании и добавувачи со цел спроведување на активности кои се усогласени со стратегијата и целите на брендот, организација на настани - отворање на локали, промоции и други настани врз основа на маркетинг план. Обука и следење на работата на ангажираните надворешни соработници (супервизори, хостеси) во спроведувањето на договорените активности.
  • Спонзорства: Комуникација со клубови, турнири и организации на ниво на локални заедници и следење и спроведување на активности поврзани со договорените спонзорства. Идентификација на потенцијални партнери, преговарање за условите поврзани со нови спонзорства и одржување на односите со постоечките партнери, се со цел зајакнување на присуството на Брендот.
  • Мултифункционална соработка: Соработка со интерните тимови (финансии, online, операции, HR, VIP online итн.); создавање содржина во соработка со дизајнерот, и social и online тимовите.      
  • Работа на терен: посета на локалите и предлагање активности за подобрување на работата во договор со менаџерите за продажба и директорот на операции.
  • Анализа на пазарот: истражување и анализа на активностите на конкурентите. Следење на позицијата на брендот во однос на конкуренцијата и предлози за подобрување и зајакнување на присуството на брендот и нови промотивни активности за локалите.
  • Следење на перформансите: Помага при собирање и анализа на податоци за перформансите на кампањата и продажбата.  
  • Комуникација и поддршка: Обезбедува поддршка за повисокото ниво на менаџери, комуницира со тимот и трговските партнери и ги решава основните прашања и предизвици.
  • Административни задачи: Управување со административни задачи како што се креирање извештаи, ажурирање бази на податоци и организирање состаноци.
  • Известува до: Сениор маркетинг менаџер
  • Директни извештаи: 2 (Директор за операции/Сениор маркетинг менаџер)

Потребни квалификации:

  • Диплома од областа на општествените науки ќе се смета за предност
  • Докажано искуство (минимум 1 година) во маркетинг, со фокус на успешен развој и имплементација на стратегии и кампањи на брендот.
  • Активен возач.
  • Силни вештини за тимска работа, со способност да ги инспирира и мотивира тимовите за постигнување на заедничките цели.
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини, вештини за управување со проекти.
  • Познавање на трендовите во индустријата и однесувањето на потрошувачите.

Со нас добивате:

  • Тим кој расте, се развива и учи заедно
  • Работа во динамична средина
  • Можност за напредувањe

Доколку се препознавате себе си во описот, аплицирајте, представете ни се и станете дел од незаборавно искуство.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Management amounts to 39.113 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more