Соработник во Одделение за имотно-правни работи
Скопје
Application deadline:
- МАКПЕТРОЛ АД
За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци (со можност за продолжување) на работно место соработник во Одделение за имотно-правни работи во Сектор за право во Дирекција за правни и општи работи.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Завршено високо образование, Правен факултет;
- Работно искуство од најмалку 1 (една) година во областа на имотно-правни работи;
- Познавање и практична примена на Законот за парнична постапка, Законот за облигационите односи, Закон за извршување, Закон за стечај, Закон за општата управна постапка, Закон за управни спорови, Закон за урбанистичко планирање; Закон за приватизација, Закон за легализација, Закон за градење и Закон за градежно земјиште;
- Практична работа со компјутер.
Работното време за горенаведеното работно место е од 8:00 до 16:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Основната нето плата за горенаведеното работно место изнесува 33.500 денари.
Работата во смени, ноќната работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа, се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.
• Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
• Препорака од претходен работодавач;
• Уверение од кривична евиденција.
лице за контакт: Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146-491
лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532
„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!