Vrabotuvanje.com - Соработник во Одделение за имотно-правни работи - Скопје - МАКПЕТРОЛ АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Соработник во Одделение за имотно-правни работи

Скопје

Application deadline:

  • МАКПЕТРОЛ АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 

За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци (со можност за продолжување) на работно место соработник  во Одделение за имотно-правни работи во Сектор за право во Дирекција за правни и општи работи.

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено високо образование, Правен факултет;
  • Работно искуство од најмалку 1 (една) година во областа на имотно-правни работи;
  • Познавање и практична примена на Законот за парнична постапка, Законот за облигационите односи, Закон за извршување, Закон за стечај, Закон за општата управна постапка, Закон за управни спорови, Закон за урбанистичко планирање; Закон за приватизација, Закон за легализација, Закон за градење и Закон за градежно земјиште;
  • Практична работа со компјутер.

Работното време за горенаведеното работно место е од 8:00 до 16:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Основната нето плата за горенаведеното работно место изнесува 33.500  денари.
Работата во смени, ноќната работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа, се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

 
Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација;
Кратка биографија; 
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
Препорака од претходен работодавач;​
Уверение од кривична евиденција.


 
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 

лице за контакт: Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146-491 

лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532

 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување. 
 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
 
 

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more