Vrabotuvanje.com - Специјалист за човечки ресурси - Скопје - Maliqi Group
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Специјалист за човечки ресурси

Скопје

Application deadline:

  • Maliqi Group

 

Групацијата Малиќи (www.maliqigroup.com) е синоним за лидерство на пазарот во индустриите во кои работиме според врвните светски трендови, иновации и стандарди во Македонија, Албанија и Косово. Водени од амбицијата за нови деловни потфати и желбата да освоиме што повеќе пазари и клиенти, го проширивме опсегот на работа во неколку сегменти, како дистрибуција, хотелиерство, градежништво, станбено управување. Сите вработени кои се дел од оваа приказна се посветени на исполнување на мисијата и визијата и се водат од воспоставените вредности во исполнувањето на целите и процесот што води до нив.

Компанијата Малиќи груп, бара искусен и посветен Специјалист за човечки ресурси, кој ќе биде одговорен за сите аспекти на управување со човечките ресурси, вклучувајќи вработување, обука, талент менаџмент, перформанс менаџмент и други активности за развој на вработените и организацискиот капацитет.


СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Клучни задачи и одговорности:

  • Спроведување и надгледување на политики и процедури за човечки ресурси, согласно со законските прописи и интерните политики на компанијата.
  • Учество во развој на стратегии за задржување на вработените и подобрување на корпоративната култура.
  • Идентификување и развивање на таленти во компанијата со цел да се обезбеди долгорочен успех и задржување на вработените.
  • Управување со процесот на оценување на учинокот (performance management), вклучувајќи поставување на цели, редовна оценка на перформансите и обезбедување повратна информација за вработените.
  • Управување со обуки и развој на вработените за да се обезбеди квалитетен развој на човечкиот капитал.
  • Поддршка на вработените во однос на прашања поврзани со работното место, плати, бенефиции и дисциплински постапки.
  • Водење и ажурирање на евиденции и системи за човечки ресурси.


Квалификации:

  • Високо образование
  • Најмалку две години работно искуство од областа на човечки ресурси.Одлично познавање на трудовото законодавство и регулативите.
  • Способност за работа во динамична средина и управување со повеќе задачи.
  • Вештини за работа со компјутерски програми и софтвери за човечки ресурси.

Што нудиме:

  • Можност за професионален развој и напредок.
  • Позитивна и стимулативна работна средина.

Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот преку полето Аплицирај​.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Human Resources amounts to 36.801 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more