Vrabotuvanje.com - Ликвидатор на штети - Скопје - КРОАЦИЈА НЕЖИВОТ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Ликвидатор на штети

Скопје

Application deadline:

  • КРОАЦИЈА НЕЖИВОТ

Кроација осигурување АД - Друштво за неживотно осигурување Скопје, се развива како лидер на осигурителниот пазар и партнер на своите клиенти, препознатлив по посветеноста и врвната услуга. Кроација осигурување АД - Друштво за неживотно осигурување, вработува:


Ликвидатор на штети

Во Дирекција, Град- Скопје

Потребни квалификации и способности:

  • ВСС (правен факултет)
  • Солидно познавање на англиски јазик и работа со компјутери (MC office)
  • Способност за тимска работа
  • Способност за работа под притисок и професионално одлучување 
  • Целосна посветеност на работните задачи
  • Висока работна етика, одговорност и лојалност
  • Со или без работно искуство 

Опис на работно место – одговорности:

  • Постапување согласно законска и подзаконска регулатива
  • Утврдува обврската на Друштвото, согласно регулатива и услови на осигурување;
  • Комплетира и евидентира документација по штети;
  • Ликвидација на штети;
  • Изготвување на спогодби за вонсудско решанање на штети;
  • Известување до регресни должници за отштетни побарувања;
  • Известување на странки за решавањето на штетите;
  • Давање на  мислења по добиени приговори по штети;
  • Подготвување на налози по штети;
  • Предлагање на мерки за подобрување на процесот на ликвидација на штети; и,
  • Останати активности по налог на непосредниот раководител.

Друштвото Кроација осигурување-неживот нуди

  • Вработување со полно работно време
  • Нето плата (не помала од 30.000 денари – зависно од работно искуство)
  • Посета на специализирани обуки
  • Одлична можност за професинален развој

Потребна документација:

  • CV – Лична Биографија
  • Мотивационо писмо
  • Доказ за завршено образование

Кандидатите кои ги исполнуваат условите, апликациите да ги достават на емаил hr@crosig.mk со рок до 20.10.2024 година и со назнака – ,,ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИКВИДАТОР НА ШТЕТИ”.

Оние кандидати чии квалификации ги исполнуваат барањата и потребите на компанијата, телефонски или по електроски пат ќе бидат повикани на разговор. а изборот ќе се изврши не подоцна од 31.12.2024 година. Со испраќање на апликација за вработување апликантите се согласни своите лични податоци да се користат за намена на предметниот Оглас за вработување. 

 

 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more