Vrabotuvanje.com - Адвокат; Адвокатски стручен соработник и Адвокатски приправник - Антон Попов бр.1/1-6 Скопје - Адвокатско друштво Бранко Кузманоски и партнери
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Адвокат; Адвокатски стручен соработник и Адвокатски приправник

Антон Попов бр.1/1-6 Скопје

Application deadline:

  • Адвокатско друштво Бранко Кузманоски и партнери

Адвокатско друштво Бранко Кузманоски и партнери
со седиште на ул. Антон Попов бр.1/1-6, има потреба од:

АДВОКАТ
АДВОКАТСКИ СТРУЧЕН СОРАБОТНИК
АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИК



Клучни одговорности:

Адвокат: Независно застапување на клиенти пред судовите, подготовка на правни мислења и процесни документи, учество во комплексни правни процеси и преговарање.

Адвокатски стручен соработник: Поддршка на адвокатите во изготвување правни анализи, подготовка на правна документација, истражување на правни прашања, учество во состаноци со клиенти, соработка со јавни институции и други релевантни субјекти.

Адвокатски приправник: Извршување административни задачи, правно истражување, асистенција при подготовка на документи и анализа на правни случаи, со директна поддршка од адвокатскиот тим.

Потребни квалификации:

  • За адвокатски стручен соработник и приправник:
  • Диплома од Правен факултет (задолжително);
  • Положен правосуден испит (за стручен соработник);
  • Положен адвокатски испит и поседвување лиценца од Адвокатска Комора на РСМ;
  • Познавање на англиски јазик (познавање на друг странски јазик е предност);
  • Претходно работно искуство е предност, но не е задолжително (за приправници);
  • Изразени аналитички вештини и внимание кон деталите.

Личен профил:

  • Високо ниво на професионалност, интегритет и етика;
  • Проактивен пристап и подготвеност за континуирано учење;
  • Способност за работа под притисок и почитување на зададени рокови;
  • Развиени комуникациски и презентациски вештини;
  • Тимски ориентиран соработник со висока степен на организираност;
  • Способност за успешно управување со повеќе задачи истовремено.

Што нудиме:

  • Можност за професионален развој и кариера во едно од најголемите адвокатски друштва во земјата;
  • Работа во динамична и стимулирачка средина со искусен правен тим;
  • Вклучвање во сложени правни процеси и директно учество во важни правни случаи;
  • Конкурентна плата и бенефиции;
  • Можност за континуирана обука и специјализација во различни области на правото.
     

Како да аплицирате:

Заинтересираните кандидати потребно е да испратат своја кратка биографија (CV), уверение за завршени додипломски студии и постдипломски студии и уверение за положен правосуден испит (за стручен соработник и адвокат), преку полето Брза Апликација.

web:http://www.kuzmanoski.mk/

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Law amounts to 23.814 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more