Vrabotuvanje.com - Раководител на продажени објекти во Retail сектор - Скопје - LL Gourmet
Share
Tweet
Share
Send to friend

Раководител на продажени објекти во Retail сектор

Скопје

Application deadline:

  • LL Gourmet

Успешната приказна на нашата Компанија ја градиме континуирано вложувајќи во технологија, развој и унапредување на човечките ресурси. Како дел од нашиот внимателно дефиниран план за раст и развој на Компанијата во потрага сме по успешни, енергични и посветени кандидати кои би се придружиле на нашиот тим.

Поради проширување на тимот  LL GOURMET  има потреба од вработување на:


Раководител на продажени објекти во Retail сектор
2 (две позиции) - Скопје

Профил на кандиатот:

  • Образование - ВСС, завршено образование во областа на бизнис менаџмент или економија ќе се смета за предност
  • Претходно работно искуство од 3(три) години на иста или слична позиција
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Поседување претприемачки дух
  • Истакнување на лидерски способности
  • Висок степен на одговорност и аналитичност
  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Самоиницијативност и посветеност
  • Енергичност и истрајност
  • Висок личен интегритет и деловна култура

Цели и одговорности:

  • Идентификување на нови видови идеи за деловна експанзија во retail секторот во Македонија и регионот
  • Идентификување и пронаоѓање на нови начини на промовирање, одржување и зацврстување на брендот во однос на конкуренцијата
  • Константно следење и анализирање на трендовите во retail секторот,  и конкуренцијата во регионот
  • Истражување и идентификација на нови бизнис можности и потенцијали
  • Грижа за успешното и профитабилно работење на продажните места
  • Секојдневна контрола на храната и производите, дали се во склад со пропишаните правила и ISO стандарди
  • Спроведува одговорна, професионална и проактивна комуникација со  купувачите и коминтентите
  • Организирање и координирање на вработените во малопродажните објекти
  • Контрола на финасиското работење и внес во системот за материјално сметководство
  • Запазување на сите законски процедури за работа во малопродажба
  • Врши анализа на резултатите од работењето на продажните места и  изработка на  месечни  извештаи со предлог решенија зa  оптимизација и подобрување на работењето

На кандидатот му нудиме:

  • Работа во позитивна и пријатна атмосфера
  • Организирана исхрана и платен превоз
  • Конкуренски месечни примања
  • Работа од 40 часа неделно
  • Колективно осигурување од незгода 24/7

Доколку сте сигурни дека ја поседувате потребната амбиција, желба за успех и страст да се приклучите кон нашиот успешен тим, и сте спремни да ги користите извонредните можности за професионален развој кои ние ги нудиме, испратете ја вашата кратка биографија CV на е-маил vrabotuvanje@llgourmet.mk со назнака “ Раководител на продажен објект во Retail сектор”

Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV- то да бидат собрани и обработени од ПАРТИ СЕРВИС ЛЕО ДООЕЛ Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор  на кандидатот за позицијата за која аплицираат. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

 
 
Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Management amounts to 39.113 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more