Скопје Ист Гејт – СЕГ, дел од групацијата Балфин, е првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.
За потребите на одделот за финансии распишуваме оглас за
РАКОВОДИТЕЛ НА ФИНАНСИИ
Главни Одговорности и задачи:
- Управува со процесот на Финансиско планирање и буџетирање на компанијата според соодветните групациски процедури
- Воспоставува систем на следење на буџетот и контрола на реализацијата на буџетот
- Дава стратешки препораки и совети до извршниот директор и акционерите за прашања поврзани со финансиската состојба на компанијата
- Ги трансформира бизнис целите на компанијата во финансиски планови
- Програмирање за управување со ризик преку анализа на обврските и инвестициите на организацијата
- Предлага инвестициски стратегии со разгледување на ризиците за готовински тек и ликвидност
- Обезбедува точност и комплетност на финансиските извештаи на компанијата согласно локалните и меѓународните стандарди (GAP)
- Обезбедува точност и комплетност на периодично финансиско известување (месечно/квартално) на Групацијата
- Обезбедува точност на тековните извештаи за работењето и прогнозирање (реализација на буџетот и отстапувања од буџетот, развој на буџет со предвидувања до крајот на календарската година),
- Воспоставува и обезбедува достапност на аналитички информации за работењето на компанијата до менаџментот и до Собирот на содружници
- Сеопфатно и точно спроведување на сите аспекти на даночно управување и даночно исвестување
- Советува при избор и ангажирање на надворешни консултанти (ревизори, советници за даноци и сл.)
- Управува со односите и комуникацијата со надворешни ревизори, вреднувачи и експерти од трети страни
- Управува со односите поврзани со банките и другите финансиски институци, ги мониторира и контролира процесите поврзани со плаќања и со готовина
- Ја следи наплатата на доспеаните, а ненаплатени побарувања и предлага мерки за наплата на проблематичните побарувања
- Високо образование- Економски факултет
- Искуство од минимум 15 години во областа на сметководство во среден или голем даночен обврзник
- Повеќе од 10-годишно искуство на одговорни раководни места во делот на финансиското и книговодствено работење или работно искуство во фирми во странство
- Лиценца за овластен сметководител
- Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен)
- Oдлично познавање на MS Office пакет програми и сметководствени апликации (Collab , PANTHEON)
Личен профил:
- Одлични организациски и комуникациски способности
- Аналитична и одговорна личност, ориентирана кон пронаоѓање решенија
- Способност за запазување на рокови и остварување на резултати
- Способност за формирање и водење на тим
- Подготвеност за работа во динамична работна атмосфера, со различни групи на луѓе
- Позитивен став