Vrabotuvanje.com - Лице за регистрација на лекови и медицински средства - Скопје - РИФАМ ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

Лице за регистрација на лекови и медицински средства

Скопје

Application deadline:

  • РИФАМ ДОО
  • Address: ул. Јадранска Магистрала бр. 62, 1000 Скопје
  • Web: http://rifam.com.mk/

Ние сме РИФАМ ДОО – комбинираме долгогодишно искуство на регионалните фармацевтски пазари со иновативни решенија, со цел да им овозможиме на пациентите пристап до најквалитетните препарати.

Во моментов имаме потреба од:

Лице за регистрација на лекови и медицински средства

Главни задачи на позицијата:

  • Планира и спроведува процеси на регистрација на лекови; 
  • Одговорен за безбедност на лековите и препаратите кои ги застапува и дистрибуира компанијата;
  • Учествува во подготовка на оперативните планови на секторот Логистика и на компанијата во целина РИФАМ доо.

Задачи и одговорности:

  • Го планира, спроведува и оптимизира процесот на регистрација на лекови и препарати:
    • Обезбедување на потребната документација од Производителот и управување со постапката;
    • Обезбедување на одобренија за ставање во промет на лековите и препаратите.
  • Одржување на постоечките одобренија за ставање на лековите во промет;
  • Редовно известување на МАЛМЕД за промените на податоците за лековите ставени во промет и нивна имплементација;
  • Одржува проактивна комуникација и сорабoтка со останати релевантни институции;
  • Го организира и одржува системот за фармаковигиланца на компанијата;
  • Редовно и периодично известување до Националниот центар за фармаковигиланца за несаканите реакции на лековите
  • Обезбедување дополнителни информации неопходни за проценка на безбедноста на лековите и терапевтскиот исход;
  • Врши континуирано следење на на законската регулатива и подзаконските акти релевантни за компанијата;
  • Учествува во процесите на подготовка и спроведување на стратешките и оператвните планови на РИФАМ доо; 
  • Репортира на Раководителот за сектор Логистика а остварува проактивна соработка со соодветните сектори и вработени во компанијата;
  • Организира и фацилитира одржување на редовни (неделни) работни состаноци со сите вработени во секторот како и на останатите средби во компанијата на предлог на Извршниот директор;
  • Демонстрира интегритет и етички пристап во работењето;
  • Во договор со Раководителот на сектор Логистика извршува и други задачи и превзема одговорности кои се во рамки на позицијата и предвидени со прецедурите и правилниците за работа на РИФАМ доо.

Потребни квалификации:

  • ВСС (медицински или фармацевтски факултет)
  • Минимум 3 години соодветно работно искуство во фармацевтски сектор
  • Познавање на релевантна законска и подзаконска регулатива
  • Одлично познавање на MS Windows и MS Office
  • Професионално владење на англиски јазик

Ние нудиме:

  • 40 часа неделно работно време, канцеларија во Скопје
  • Службен преносен компјутер
  • Службен мобилен телефон со број

Како да аплицирам?

  • Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги испратат преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака за која позиција Аплицираат.

Повеќе за нас:

 

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Pharmaceutics and Biotechnology amounts to 36.814 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more