Vrabotuvanje.com - Практикант во лабораторија - Росоман - Синцеритас АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Практикант во лабораторија

Росоман

Application deadline:

  • Синцеритас АД Скопје

Синцеритас ад е фармацевтска компанија, чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена.
 
Работните практики и политики се усогласени со највисоките локални и европски стандарди во фармацевтската индустрија (EU GMP) со цел производство на масло од канабис со висока чистота и различни концентрации на CBD и THC.

сИНЦЕРИТАС ад ИМА ПОТРЕБА ОД

Практикант во лабораторија

ОДГОВОРНОСТИ:

  • Имплеметирање, контрола и техничко надгледување на микробиолошките методи во Одделот за Контрола на квалитет (ОКК);
  • Изведба на различни микробиолошки тестирања и анализи;
  • Воспоставување кориснички барања за купување и квалификација на опремата во ОКК, и работа со внатрешни и надворешни ресурси за нејзино одржување во оптимална состојба;
  • Развивање, ревидирање и прегледување на процедурите за стандардизација на процесите, квалификација/валидација на протоколи и извештаи;
  • Спроведување истражувања во однос на резултатите од спецификациите, адресирање и менаџирање на девијациите поврзани со микро-процедурите;
  • Надгледување на моментално воспоставените GMP-системи со цел осигурување на нивната усогласеност со политиките за документирање;
  • Прегледување и предлагање промени во системите, процедурите, методите и поднесоците во однос на микробиолошките процеси, како што би било соодветно;
  • Прибирање мерни податоци за употреба при постојано подобрување на одговорностите;
  • Обучување на персоналот за технички концепти и методи;
  • Прегледување на лабораториски податоци;
  • Изведување други одговорности по нивно поставување, а во согласност со квалификациите на вработеното лице. 

​ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, способности и вештини:

  • Образование:  во 4-та година на студии на Природно математички факултет – смер биологија или смер биохемија и физиологија;
  • Способност за комуникација и независно работење со научниот/техничкиот персонал;
  • Удобност при работење во динамична средина со минимално насочување, и способност за прилагодување на работните задачи врз основа на променливи приоритети;
  • Само-мотивирана личност, ориентирана кон детали и со желба за прифаќање одговорности надвор од првичниот опис на работната позиција;
  • Способност за критичко размислување, и демонстрирање вештини за решавање проблеми;
  • Одлични меѓучовечки, вербални и пишани комуникациски вештини;
  • Добро познавање на пишан и зборуван англиски јазик;
  • Познавање на Microsoft Office пакетот;
  • Возачка дозвола Б - категорија.

     
    Работно време и место каде се извршува работата: Фабрика за производство Росоман

Доколку сте заинтересирани, Ве покануваме да се пријавите со својата Професионална биографија преку полето "Брза Апликација".

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Pharmaceutics and Biotechnology amounts to 36.814 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more