Vrabotuvanje.com - Рецепционер/ка - Маврово - Ресорт Маврово
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Рецепционер/ка

Маврово

Application deadline:

  • Ресорт Маврово

 

Ресорт Маврово е најпопуларниот македонски скијачки центар со повеќедецениска традиција во давање на врвно искуство и услуга на сите посетители кои се љубители на зимските и планинските спортови, како и на сите оние кои  уживаат во прекрасната природа на Националниот Парк Маврово.

Ресорт Маврово е препознатлив бренд со голема популарност кај туристи од регионот на Балканот, како и од Европа.

Ресорт Маврово ги опфаќа следните капацитети;  Хотел Бистра, Хотел Спорт, Хотел Смрча, Хотел Lodge и Ски центарот и Спортскиот центар.

Нашиот персонал е нашето лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга заради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како пријатели.

Подготвувајќи се за претстојната зимска сезона го прошируваме нашиот тим на повеќе работни позиции:

РЕЦЕПЦИОНЕР/КА

Локација: Ресорт Маврово – Маврово

Работен ангажман е од сезонски карактер за период од 01.12.2024. до 31.03.2025. година.

 

Доколку :

  • Те исполнува давање на врвна услуга на клиенти,
  • Лојален си и чесен,
  • Проактивен, вреден и енергичен,
  • Одговорен и посветен кон работата,
  • Вешт комуникатор,
  • Тимски играч,

Имаш решение за секој предизвик и имаш целта ти е да се развиваш и усовршуваш,

А ја сакаш и почитуваш природата,

Тогаш ти си идеалниот кандидат за нас!

Ќе ти понудиме:

  • Конкурентна основна плата + додатоци на плата
  • Работен ангажман на полно работно време,
  • Обезбедено бесплатно сместување и 3 оброци дневно,
  • Платен превоз,
  • Напредок, награди, тим билдинг активности,
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели
Работни задачи:
  • Ги пријавува и одјавува гостите во хотелот;
  • Љубезно одговара на барањата на гостите во текот на нивниот престој;
  • Изготвува извештаи и кореспонденција помеѓу сите сектори во хотелот;
  • Прави резервации, одговара на телефонски повици и е-маил пораки;
  • Работи со наплата на добра и хотелски услуги;
  • Останати периодични задачи кои се од делокруг на работа на рецепција.

 

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции.

Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата.

Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Tourism (HoReCa) amounts to 20.094 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more