Vrabotuvanje.com - Садомијач/ка - Маврово - Ресорт Маврово
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Садомијач/ка

Маврово

Application deadline:

  • Ресорт Маврово

 

Ресорт Маврово е најпопуларниот македонски скијачки центар со повеќедецениска традиција во давање на врвно искуство и услуга на сите посетители кои се љубители на зимските и планинските спортови, како и на сите оние кои  уживаат во прекрасната природа на Националниот Парк Маврово.

Ресорт Маврово е препознатлив бренд со голема популарност кај туристи од регионот на Балканот, како и од Европа.

Ресорт Маврово ги опфаќа следните капацитети;  Хотел Бистра, Хотел Спорт, Хотел Смрча, Хотел Lodge и Ски центарот и Спортскиот центар.

Нашиот персонал е нашето лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга заради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како пријатели.

Подготвувајќи се за претстојната зимска сезона го прошируваме нашиот тим на повеќе работни позиции:

САДОМИЈАЧ/КА

Локација: Ресорт Маврово – Маврово

Работен ангажман е од сезонски карактер за период од 01.12.2024. до 31.03.2025. година.

 

Доколку :

  • Те исполнува давање на врвна услуга на клиенти,
  • Лојален си и чесен,
  • Проактивен, вреден и енергичен,
  • Одговорен и посветен кон работата,
  • Вешт комуникатор,
  • Тимски играч,

Имаш решение за секој предизвик и имаш целта ти е да се развиваш и усовршуваш,

А ја сакаш и почитуваш природата,

Тогаш ти си идеалниот кандидат за нас!

Ќе ти понудиме:

  • Конкурентна основна плата + додатоци на плата
  • Работен ангажман на полно работно време,
  • Обезбедено бесплатно сместување и 3 оброци дневно,
  • Платен превоз,
  • Напредок, награди, тим билдинг активности,
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели
Работни задачи:
  • Навремено миење на садовите и тавите потребни за работа и готвење;
  • Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор и инвентар согласно стандардите;
  • Помага при извршување на задачите зададени од главниот готвач.

Потребни квалификации:

  • Мин. ССС;
  • Со или без работно искуство (искуство на слична работна позиција ќе се смета за предност);
  • Работа во две смени.

 

 

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции.

Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата.

Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Tourism (HoReCa) amounts to 20.094 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more