Vrabotuvanje.com - Медицински претставник - Скопје - Иннвента
Share
Tweet
Share
Send to friend

Медицински претставник

Скопје

Application deadline:

  • Иннвента

ИННвента е успешна, амбициозна и една од најбрзорастечките компании на фармацевтскиот пазар на Балканот. Во нашето силно портфолио, внимателно ги одбравме производите во категориите лекови, диететски производи и медицински средства. Нашите брендови Graminn®, Urolitinn®, Fortinn®, Forticolinn®, Tendocolinn®, Nattokinn®, Oligopinn®, R-Lipoinn®, Innovag® ... со нивните терапевтски ефекти, ја освоија довербата на медицинските работници и пациентите во земјата и пошироко.

ИННвента е предводена од тим од успешни професионалци со долгогодишно искуство во фармацевтската индустрија. За дополнително зајакнување на нашиот продажен тим на терен, објавуваме оглас за следната позиција: 

МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ И ПОВАРДАРИЕ

Потребни квалификации:

  • ​ВСС: дипломиран фармацевт/магистер по фармација, доктор по медицина, доктор по стоматологија.
  • Работно искуство од најмалку една година во промоција на фармaцевтски производи.


​Опис на работата:

  • Промоција и продажба на ИННвента портфолио
  • Спроведување на маркетинг планови и остварување на планирани цели
  • Редовни работни состаноци со лекари и фармацевти
  • Стручна презентација на производи
  • Следење и анализа на активностите на фармацевтскиот пазар
  • Организирање и учество на стручни промотивни собири
  • Редовно известување.


Потребни вештини и способности:

  • Познавање на MS Office
  • Возачка дозвола Б категорија – активен возач
  • Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки способности
  • Самодоверба, одлучност и упорност
  • Свесност за комерцијално и деловно работење
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи.


На вработените им нудиме:

  • Работа во позитивна, динамична и стимулативна средина
  • Континуирана обука и усовршување
  • Атрактивен финансиски пакет со бонус систем
Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја вашата пријава преку полето Брза Апликација.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
Сите пристигнати апликации ќе бидат третирани строго доверливо.
Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Pharmaceutics and Biotechnology amounts to 36.814 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more