Vrabotuvanje.com - Доктор специјалист - Офталмолог - Скопје - Систина Офталмологија
Share
Tweet
Share
Send to friend

Доктор специјалист - Офталмолог

Скопје

Application deadline:

 

ПЗУ СИСТИНА ОФТАЛМОЛОГИЈА

 Веб:
www.sistinaoftalmologija.com.mk
 Facebook: sistinaoftalmologija
 Linkedin: company/eye-hospital-sistina-oftalmologija-n-macedonia/

“Систина Офталмологија“ е најголема и најмодерна приватна болница во регионот и е пример за успешна приказна во здравствениот сектор со медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето на пациентите. Врвниот медицински тим користејќи современи методи и техники им стои на располагање на пациентите 24 часа во денот, 7 дена во неделата. Располага со еден дијагностички и оперативен центар во Скопје и четири дијагностични центри во државата.

Поради проширување на својот тим во Скопје „Систина Офталмологија“ објавува оглас за вработување на:

ДОКТОР СПЕЦИЈАЛИСТ - ОФТАЛМОЛОГ

Потребни квалификации:

  • Завршен медицински факултет со специјалност во офталмологија – Доктор специјалист - офталмолог,
  • Познавање на англиски  јазик,
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност,
  • Работа со компјутери.

Личен профил:

  • Организираност и одговорност,
  • Одлични комуникациски вештини,
  • Професионалионален и љубезен однос кон пациентите,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Способност за работа под притисок,
  • Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност.

Нудиме:

  • Редовни месечни примања во нето износ од 2,200.00 EUR,
  • Тимска работа и позитивна работна атмосфера,
  • Можност за професионален раст и развој

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV), преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака „Оглас за Доктор специјалист - oфталмолог“.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. Апликациите без назнака нема да бидат разгледани. Сите апликации ќе бидат третирани со доверливост.

 

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Healthcare and Social Work amounts to 23.752 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more