ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО СКОПЈЕ - Компанија со дејност трговија со зрнести производи, семки, зачини, сушени плодови, масти, масла, адитиви, ароми и суровински материјал за слаткарство, пекарство, пивска и месна индустрија, индустрија за сокови и пакување, заради зголемен обем на работа има потреба од:
КОМЕРЦИЈАЛИСТИ за регион ТЕТОВО – ГОСТИВАР (2 ИЗВРШИТЕЛИ)
Услови:
Предност со завршено високо образование;
Претходното работно искуство во трговија со прехранбени производи, како и познавањето на продажните објекти во регионот, ќе се сметаат за предност;
Искуство во подготовка на извештаи;
Искуство за работа со компјутер, активно познавање на MS Office
Возачка дозвола Б -категорија (активен возач)
Личен профил:
Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
Флексибилност за работа на терен;
Креативност и самоиницијативност;
Способност за индивидуална и тимска работа и градење на тимски дух;
Деловна култура.
Одговорности и задачи:
Комуникација со веќе постоечките и стекнување на нови клиенти;
Постапување по креираната политика за навлегување на нови пазари;
Подобрување на пласманот на производите на пазарот согласно потребите на пазарот;
Изготвува понуди за новите и веќе постоечките купувачи;
Го организира работењето и локацијата на движење на дистрибутерите;
Има обврска да води и издава уредна финансиска документација за работењето;
Изготвува анализи и извештаи на извршените активности и резултатите;
Реализирање на маркетиншките стратегии и бизнис планови;
Следење на излез на производите кај постоечките клиенти;
Продажба на артикли од гамата на НУТИНИ И КИБЕЛА;
Грижа за наплата;
Следење на рутен план;
Следење на промени и цени на пазарот;
Подобрување на пласман на артикли и нивни позиции;
Ние нудиме:
атрактивна плата која може да прогресира во зависност од перформансите и работната успешност;
службен мобилен и службено моторно возило;
Позитивна и пријатна работна атмосфера;
Можност за професионален развој.
Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV да бидат собрани и обработени од ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат о обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицираат.
Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.
Доколу овој Оглас е предизвик за Вас, Вашата професионална биографија (CV) и Писмо за мотивација можете да ги испратите преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака на апликацијата “КОМЕРЦИЈАЛИСТИ за регион ТЕТОВО – ГОСТИВАР (2 ИЗВРШИТЕЛИ)“.
Напомена:
Кандидатите кои не ги исполнуваат бараните услови кои се наведени во Огласот се молат да не аплицираат;
САМО кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликации без назнака нема да бидат разгледани.
ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО Скопје
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Sales amounts to 22.310 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!