Vrabotuvanje.com - Администратор на набавки - Прилеп - Иннацо Мак ДОО, Прилеп
Share
Tweet
Share
Send to friend

Администратор на набавки

Прилеп

Application deadline:

  • Иннацо Мак ДОО, Прилеп
  • Address: Ново Лагово, Прилеп, 7500 Прилеп
  • Web: http://www.innaco.com.mk

Поради зголемување на капацитетот на работа, компанијата ИННАЦО МАК ДОО, Прилеп има потреба од вработување на:

АДМИНИСТРАТОР НА НАБАВКИ – 1 извршител

КВАЛИФИКАЦИИ

  • ССС  / ВСС (Економски факултет)
  • Со / Без работно искуство (предност ќе имаат кандидатите кои имаат работно искуство во сектор набавки)
  • Возачка довола Б категорија
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишана и говорна форма)
  • Одлично познавање на MS Office

 

ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ НА ПОЗИЦИЈАТА:

  • Врши навремено снабдување на калитетни репроматеријали, материјали и резервни делови и останати добра по конкурентни цени за непречено одвивање на процес на пр-во. 
  • Врши евиденција на барањата за набавки од одговрните лица по погони и сектори 
  • Пред отпочнување на процес на прибирање на понуди, задолжително ја проверува лагер листата на материјали во магацин. 
  • По констатирана потреба за набавка на материјали, резервни делови, суровини и останати добра прибира понуди од најмалку двајца добавувчи. 
  • Понудите кои се одобрени се реализираат согласно договорена динамика. 
  • Изготвува барања за понуди, порачки, изјави за потребите на транспортните, шпедитерските и царинските служби
  • Изготвува или учествува во изготвување на царинска документација;
  • Води листа на добавувачи
  • Преговара со добавувачите за условите на испорака
  • Врши набавка на потребните суровини и материјали врз основа на работна кореспонденција и непосредни контакти.  
  • Редовно ја следи потврдената понуда контактирајќи со добавувачот, а по пристигнувањето на набавената количина врши целосна инспекција согласно понуда, нарачка и пропратна документација. 
  • По утврдување на фактичка состојба стоката ја пушта на прием во магацин. 
  • Води евиденција на извршените набавки и предадените фактури до сметководство  за книжење и исплата на истите.
  • Врши рекламација за несоодветна и неусогласена роба во однос на барањата за набавка од поединечни погони и сектори. 
  • Води евиденција на влезни фактури и и ажурирање на секоја уплата / исплата.      

 

 ИННАЦО МАК ДОО нуди:

  • Почетна нето плата во износ од 25.000,00 денари
  • Можност за обука и напредок во зависност од квалификациите, амбициите и ангажираноста на работникот 
  • Превоз од / до работно место 
  • Исплата на К-15, минат труд, 13- та плата

 Личен профил на кандидатот:

  • Одговорна и лојална личност
  • Самоиницијативност и посветеност на работата
  • Подготвеност за индивидуална и тимска работа 
  • Добри организациски, аналитички и комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок
  • Високо развиено чувство за комуникација со различен тип на луѓе

Пакетот за наградување и работа е одличен! Ве охрабруваме да се пријавите и да ни се приклучите кон нашето големо семејство на следниот  телефонскиот број 070/207-515 секој работен ден од 08 – 16 часот и/или на е-маил hr@innaco.com.mk.

 

 

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more