Vrabotuvanje.com - Јуниор инженер за автоматизација - Скопје - АТИ Софтвер Инженеринг ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Јуниор инженер за автоматизација

Скопје

Application deadline:

  • АТИ Софтвер Инженеринг ДОО

 

 

АТИ е специјализиран за решенија за автоматизација за производствени линии. Нашиот neXa framework овозможува брз развој и ефикасност кај системите за автоматизација, помагајќи им на нашите клиенти да постигнат оптимизирани работни процеси на производство.

Имаме потреба од:

 

Јуниор инженер за автоматизација (Junior Automation Engineer)

 
Преглед на позицијата:
  • Како јуниор инженер за автоматизација, ќе имате задачи за програмирање производствени станици и линии со PLC на Beckhoff (TwinCAT). Оваа улога бара основно разбирање од PLC, концептите за објектно-ориентирано програмирање (OOP) и основно хардверско познавање за сензори и актуатори кои вообичаено се користат во системите за автоматизација. Потребно e да бидете подготвени да патувате до локациите на клиентите за инсталација на програмата и тестирање на производната линија (во Македонија и во странство).

Тип на работа:

  • Во канцеларија (бул. Партизански Одреди – во близина на Универзална Сала, во Центар, Скопје) од 8:00 до 16:00. По потреба и барање на вработениот може да се прифати динамично работно време со лимитирана опција за работа од дома. Во сличаи на инсталации и тестирања се патува и работи од локацијата на клиентот
  • Како јуниор инженер, ќе работите под надзор на менаџер или сениор инженер, кој ќе обезбеди менторство и поддршка додека ги развивате вашите вештини во програмирање за автоматизација и хардверска интеграција.​
Ако сте страсни за автоматизација, ве молиме испратете ја вашата биографија и кратко мотивационо писмо преку полето Брза Апликација или на office@ati.mk

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more