Асистент во маркетинг и логистика
Скопје
Application deadline:
- AWT International
Потребни знаења и вештини
- стручна подготовка: ВСС;
- работно искуство: минимално 2 год. на исто или слично работно место;
- потребни вештини и способности: познавање на англиски јазик, работа на компјутери,
- возачка дозвола Б категорија, брзина, точност, снаодливост, систематичност.
Одговорности и задачи
- превземање на сите потребни работи во врска со организација на ино-транспортот, осигурувањето, шпедицијата, сместувањето на камионите под царински надзор, царинско посредување и ставање на робата во промет;
- редовно контактирање со соодветните служби на добавувачите, Царината, инспекциските органи, министерствата, шпедитерите и осигурителните компании заради организација на увозот и извозот;
- изработка на калкулации на набавната цена на робата;
- спроведување на анализи за конкурентност, идентификување на локалните промени на пазарот, како и можностите и опасностите за производите;
- комуницирање со принципалите за прашања во врска со продажните планови, промотивните активности и маркетинг трошоците;
- унапредување на продажбата и креирање презентации за продажба и маркетиншки активности;
- постојана и навремена размена на информации од значење за работата на одделението и работата на Друштвото во целина;
Ние нудиме
- Можност да бидете дел од компанија со одлична работна средина / атрактивна, динамична и креативна работа
- Годишен одмор согласно Законот за работни односи
- Работно време од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот
- Редовни месечни примања, регрес за годишен одмор и новогодишна награда
- Приватно здравствено осигурување
Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на АВТ , постојано да го надградувате вашето знаење и сте подготвени да го прифатите предизвикот, испратете ни Работна Биографија (CV) и мотивациско писмо на e-mail: oglas@awt.mk со задолжителна назнака во Subject ” Асистент во маркетинг и логистика”.
Само избраните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.
Општи правила за аплицирање:
- Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
- Назнака на позицијата за која се аплицира
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во АВТ Интернатионал или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category
Marketing, PR and Media amounts to 28.527 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!