Vrabotuvanje.com - ИТ техничар - Скопје - ГЕИНГ ДОО Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

ИТ техничар

Скопје

Application deadline:

  • ГЕИНГ ДОО Скопје

 
 
Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина. Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје има потреба од вработување на: 
 

Oглас за работна позиција: : ИТ техничар

Опис на работно место:

ИТ Техничар 

Минимум потребни квалификации:

  • Образование: ССС
  • Работно искуство: минимум 1 година,
  • Возачка дозвола: Б категорија
  • Познавање на Англиски јазик, дополнителен странски јазик ќе се смета за предност
  • Напредно познавање на компјтерски алатки МS Officе (Word, Excel, Power Point, MS Project), напредно познавање на хардвер
  • Познавање и искуство во администрирање на оперативни системи (Windows 7, 10, 11…)
  • Познавање работа со Outlook и сетирање
  • Познавање на хардвер и софтвер
  • Познавање на компјутерски мрежи и мрежна опрема (LAN, WLAN)
  • Каблирање мрежни табли CAT5 и CATe
  • Решавање на ИТ проблеми
  • Инсталација на токени ќе се смета за предност
  • Искуство во набавка на ИТ опрема (технички и оперативно) ќе се смета за предност
  • Одлични комуникациски и аналитички способности, организираност и систематичност во работата

Опис на работни задачи:

  • · Се грижи за целокупниот хардвер, негова евиденција, сервис и надградба
  • Инсталира, сервисира и ги одржува оперативните системи, софтверите и специјалните софтвери потребни за работење
  • Се грижи за потребниот потрошен материјал потребен за работа на ИКТ (кертриџи, тонери, хартија и сл) и води нивна евиденција
  • Врши бекап на податоци во електронска форма
  • Извршува задачи по налог на Надлежни

Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите: 

  • Преку Брзата Апликација.
  • По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје, најдоцна до 18.11.2024 година.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more