Vrabotuvanje.com - Ракувач со материјали - Штип - МАГНА МЕКАТРОНИКС СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Штип
Share
Tweet
Share
Send to friend

Ракувач со материјали

Штип

Application deadline:

  • МАГНА МЕКАТРОНИКС СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Штип

 

За нас

Гледаме иднина во која секој може да живее и да се движи без ограничувања. Затоа развиваме технологии, системи и концепти кои ги прават возилата побе-збедни и почисти, а истовремено им служиме на нашите заедници, плане-тата и пред сè, на луѓето.

Напред. За сите.

Информации за Групата

Групата Мехатроника, Ретровизори и Осветлување е специјализирана за автомобилски технологии кои ја водат иднината на мобилноста. Комбинирајќи го длабокото системско знаење за развивање уникатни искуства за пристап до возилата, системи за интелигентни визии и напредни технологии за автомо-билско осветлување, експертизата на Magna MML го осветлува патот кон иновациите, безбедноста и стилот.


РАКУВАЧ СО МАТЕРИЈАЛИ

За позицијата

За нашата дивизија за Мехатроника во Штип, бараме ракувач со материјали во производство кој ќе се погрижи за правилно и навремено разнесување на материјалите во производство.

Вашите одговорности

  • Врши проверка на вилушкарот пред смената и ја пополнува безбедносната листа за проверка на вилушкарот.
  • Избира и снабдува материјали за производство врз основа на понудена листа на правилен и навремен начин
  • Следи инструкции за да се увери дека материјалите, деловите, кутиите, контејне-рите се преместени од или до производствени линии/ работни центри
  • Вчитува и растоварува материјали на или од палети, фиоки или полици
  • Го пријавува секое неисправно пакување и ги чува на соодветни места.
  • Ги одржува залихите на организиран начин врз основа на принципот FIFO
  • Следење и контрола на сите движења на залихите

Вашите квалификации

  • Диплома за средно образование
  • Пожелно е претходно искуство во автомобилска индустрија.
  • Справување со сложеност, ориентираност кон рокови.
  • Добри организациски вештини

Дополнителни пожелни квалификации

  • Познавање на SAP софтвер
  • Сертификат за управување со вилушкар

Што нудиме

Во Magna, можете да очекувате привлечно и динамично опкружување каде што можете да помогнете во развојот на водечките автомобилски технологии во индустријата. Ние инвестираме во нашите вработени, обезбедувајќи им поддршка и ресурси што им се потребни за да успеат. Како член на нашиот глобален тим, можете да очекувате возбудливи, разновидни одговорности, како и широк спектар на можности за развој. Затоа што веруваме дека вашата кариера треба да биде единствена како и вие...

Дополнително, Ви ги нудиме следниве бенефити:

  • Обемна програма за обука и возбудливи можности за внатрешен развој
  • Работа на иновативни проекти и употреба на современи технологии
  • Моќна култура, составена од претприемачки настроени луѓе, посветени на испорака на иновативни решенија
  • Позитивна и наградувачка средина
  • Обезбеден превоз и оброк

Свесност. Единство. Охрабрување.

Во Магна, веруваме дека разновидна работна сила е клучна за нашиот успех. Затоа сме горди што сме работодавач со еднакви можности. Ние вработуваме врз основа на искуство и квалификации, и имајќи ги предвид барањата за работа, без оглед на бојата, потеклото, религијата, полот, потеклото, сексуалната орие-нтација, возраста, државјанството, брачниот статус, попреченоста или родовиот идентитет. Magna сериозно ја сфаќа приватноста на вашите лични податоци. Ве обесхрабруваме да испраќате апликации преку е-пошта за да се усогласат со барањата GDPR и вашиот локален Закон за приватност на податоците.

 

Ве молиме кликнете тука за да го прочитате нашето Известување за приватност на кандидатите.

Со аплицирањето, потврдувате дека сте го прочитале и разбрале Известувањето за приватност на кандидатие.

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more