Соработник за правни работи
Скопје
Application deadline:
- Македонски Телеком АД-Скопје
Македонски Телеком е првиот и најдобар телекомуникациски оператор во Македонија, и веќе 23 години сме горд член на Групацијата Дојче Телеком. Нашата мисија е сите наши корисници да добијат исклучителни услуги и грижа, па поради тоа постојано инвестираме во најнови технологии и најиновативни продукти, услуги и процеси со кои ги задоволуваме и најпребирливите барања и потреби на нашите корисници.
Нашите вработени се нашето најголемо богатство, а ние им обезбедуваме можности да го развијат својот потенцијал и да дадат свој придонес со своите силни страни и идеи, да бидат креативни, да работат со голема автономија, фокусирани на резултатите и корисниците, но и да се забавуваат додека сме на работното место.
Приклучете ни се и заедно ќе работиме на проекти преку кои оставаме белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен.
Соработник за правни работи
Во моментов бараме Соработник за правни работи кој ќе се приклучи на нашиот тим и ќе обезбедува правна поддршка и консултации на сите организациски единици во секојдневното работење на компанијата.
Работни задачи
- Учество во процесот на подготовка, проверка и потпишување на договори кои ги склучува компанијата
- Правни совети, анализи и консултации за потреби на функционалните сектори во компанијата
- Подготовка/анализа на интерни документи, кореспонденција и друга правна документација
- По потреба, ја претставува компанијата во судски/административни постапки
- Презема други правни активности согласно потребите на компанијата
Потребни квалификации
- Дипломиран правник (положен правосуден испит е предност)
- Минимум 2 години работно искуство на слична позиција
- Добро познавање на македонското законодавство
- Добро познавање на англиски јазик
- Возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност
Што очекуваме:
- Тимски играч
- Добри комуникациски вештини
- Аналитичко размислување
- Амбициозност и желба за постојано учење
- Проактивност
- Доверливост
Ова е возбудлива можност за динамичен поединец кој сака да напредува во организирана корпоративна средина и е подготвен да учествува во градењето на успехот на бизнисот. Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим.
Што нудиме:
- Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
- Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
- Можност за професионално усовршување и развој
- Приватно здравствено осигурување
- Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
- Бесплатен фитнес клуб во рамките на компанијата
- Останати бенефиции како вработен во МКТ
Работно време:
- Работното време на компанијата е флексибилно, во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)
Како да аплицирате:
Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк https://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање на Агент за контакт центар.
Огласот ќе биде објавен на ден 30.10.2024 година и ќе трае до 07.11.2024 година.
Контакт информации тел. 071/201-225.
Забелешка:
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!