Hi-Tech Corp. (www.hitech.com.mk) е водечки европски производител на електронски штампани плочи. Преку посветенување на нашите над 200 вработени, се посветуваме на технолошката експертиза и квалитетот на нашите производи кои ги надминуваат очекувањата на нашите клиенти.
А нашите клиенти се едни од најголемите светски брендови. Нашите електронски штампани плочи се применуваат во: CERN акцелератор, Williams Racing и Audi F1 тимовите, Ferrari SF90 и 488, Mercedes AMG, Медицинска индустрија (респиратори, магнетна резонанца, CT), комерцијални сателити, ARRI камери и опрема за видео пренос на Олимписките игри во Париз 2024), авионите Airbus и Boeing, апаратите на Bosch и Siemens...
Во моментов отворено е следното работно место:
Computer aided manufactoring engineer
Опис на работно место:
- Прилагодување на барањата од клиентите кон производниот процес на Hi-Tech;
- Комуникација со клиентите околу прецизирање или прилагодување на дизајнот за производство;
- Комуникација со клиентите заради прецизирање на нарачките, подобрување на квалитетот на производите или решавање на рекламации.
Работни услови: Работа во две смени
Што бараме:
- Високо образование (технички науки);
- Со или без работно искуство;
- Одлично познавање на компјутери;
- Познавање на AutoCAD ќе се смета за предност;
- Познавање на англиски јазик.
Што нудиме:
- Организиран превоз од Скопје и околните градови;
- Обезбедена храна;
- Приватно здравствено осигурување за лојални вработени;
- Бонуси, награди и останати бенефиции.
Доколку сакате да станете дел од тимот кој работи за најголемите брендови низ целиот свет, доставете кратка биографија на емаил hr@hitech.com.mk најдоцна до 10.11.2024 година.
Hi-Tech Corp. обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Со самото аплицирање за работната позиција, вие се согласувате дадените лични податоци да се користат/обработуваат од страна на Hi-Tech Corp. и тоа само за процесот за селекција на кандидатите. Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со доставување на барање на hr@hitech.com.mk.