Vrabotuvanje.com - Генералист за човечки ресурси - Скопје - ЕКСПАНДА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Генералист за човечки ресурси

Скопје

Application deadline:

  • ЕКСПАНДА ДООЕЛ


Доколку сте подготвени за предизвици и работа во средина која постојано напредува и барате можност да ги развивате сопствените професионални знаења и вештини, пријавете се за позицијата:
 

 
ГЕНЕРАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Локација: Скопје
 

Експанда ДООЕЛ е водечка дистрибутерска компанија во Македонија. Нашиот успешен тим е составен од вработени кои имаат знаења, вештини и тежнеат кон тимската работа па со своите резултати поставуваат високи стандарди во компанијата. Во моментот бараме мотивирани и креативни кандидати кои би се приклучиле на нашиот тим за Човечки ресурси.
 

Како Генералист за човечки ресурси ќе бидете одговорни за:

  • Водење на досиејата на вработените во компанијата;
  • Регрутирање на нови вработени во компанијата;
  • Onboarding на нови вработени;
  • Водење на exit интервјуа;
  • Спроведување на програми за мотивација и развој на вработени;
  • Евиденција и контрола на работното време на вработените;
  • Задолжување и раздолжување на вработените со опрема за работа.

Доколку сте:

  • Насочени кон остварување резултати, организирани и структурирани во работењето;
  • Тимски ориентирани со желба за работа во динамична средина;
  • Комуникативни, одговорни, самоиницијативни и проактивни;
  • Имате позитивен став и пристап во работењето.

И поседувате:

  • Работно искуство на иста или слична позиција најмалку 1 година;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Одлично познавање на MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Висок личен интегритет и деловна култура.

Ние ви нудиме: 

  • Одлични услови за работа, иновативна средина и развој во динамичен тим; 
  • Конкурентна нето месечна заработка;
  • Работно време од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот.
     
Пријавете се со праќање на вашата лична биографија преку полето Брза Апликација.
 
Рок за доставување пријави e до 17.11.2024 година.
 
Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти.
Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Human Resources amounts to 36.801 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more