Vrabotuvanje.com - Продавач/ка - Скопје - Скопје - КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Продавач/ка - Скопје

Скопје

Application deadline:

  • КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ

КОЛИД С Теам

Водечка компанија од областа на увоз и дистрибуција на производи за широка потрошувачка, која во своето портфолио застапува над 42 реномирани брендови, меѓу кои SUNDAY, KRASH, BARILLA, MUTTI, WUDY, DUEL, PIVAC, POLIMARК, RICE UP, ABC, YUHOR, CALVO, COSTA D’ORO, RIBELLA, HELLENA, со три дистрибутивни складишта низ земјата, сопствено производство и над 350 вработени

за Краш продавници има потреба од вработување на:

 
Продавач/ка - Скопје

Работни задачи:

  • Ја организира и реализира продажбата на производи во продавница;
  • Прави навремени нарачки на потребните производи и се грижи за оптимална снабденост на продавницата;
  • Врши прием на производи и ја контролира квалитативната и квантитативната исправност на примените производи;
  • Ги складира примените производи, ги подредува на рафтовите, како и во специјалните садови;
  • Врши контрола на исправноста на производите во продавницата; се грижи и проверува рокови на производите
  • Врши припрема на топли напитоци за купувачите, доколку се нуди оваа услуга во продавницата
  • Ги нуди производите на купувачите на љубезен и професионален начин, во согласност со нивните потреби и намена
  • Користи различни продажни пристапи во зависност од типот на купувачи
  • Познава соодветни регулативи во однос на продажбата
  • Учествува во организација на попис на продавницата
  • Работи со фискална каса и води дневни записи за остварениот промет
  • Се однесува одговорно кон дадените средства за работа
  • Одржува оптимална хигиена во продажниот простор и на рафтовите 

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено средно образование
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини
  • Професионално однесување, градење на доверлив однос со купувачите
  • Организираност и аналитичност
  • Динамичност, проактивност и насоченост кон остварување на резултати
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност.

Колид С тим ви нуди:

  • Работен ангажман на полно работно време
  • Договор на определено време со можност за продолжување на неопределено време, согласно успешно завршување на работните задачи
  • Можност за личен и професионален развој, напредување на повисоки позиции согласно покажаните резултати
  • Пакет производи за празници
  • Исплата на регрес за годишен одмор

*Предвиденото работно време за оваа позиција е во 2 смени, од понедленик до сабота (работна е секоја втора сабота во месецот)

 

Вашата професионална биографија (CV) можете да ја испратите преку полето „Брза Апликација“ со назнака во Subject:  Апликација за Продавач/ка за продавница Краш, најдоцна до 12.11.2024 год.
 

Напомена:  Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции, од страна на Секторот за човечки ресурси.

Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата. Доколку не е согласен компанијата да ја зачува апликацијата, тоа треба да го наведе во меилот.

Ги очекуваме сите кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови и кои сакаат да учат, да се развиваат и да напредуваат во успешна компанија, да ги испратат своите апликации, бидејќи

Колид С Тим нуди неограничени можности за сите неограничени иновативни идеи насочени кон резултати. 

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more