За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје, која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата HELLENiQ Energy и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:
Магационер (Реон Скопје)
- Прием, издавање на материјали и водење евиденција за секоја трансакција во ERP систем (SAP);
- Контрола на безбедноста на товарот;
- Организирање внатрешен транспорт/ракување со материјалите до местото на складирање во магацинот;
- Внимателно складирање или дистрибуција на примената стока, без можност истата да биде оштетена;
- Изготвување на извештај за минималната и максималната количина на залихи на материјали и делови од опрема;
- Обезбедување соодветна евиденција и управување со целата документација за да се потврди соодветното ниво на залиха и да се одржува контрола на залихите во согласност со процедурите на компанијата;
- Комуникација со секторот за набавки и со назначените инженери на компанијата за квалитетен и квантитативен прием на стоки;
- Учество во проверка на примената стока од аспект на оштетувања или несогласувања;
- Одржување на чист и уреден магацин;
- Следење и почитување на интерните процедури;
- Водење соодветни документи за безбедно складирање и ракување со материјалите;
- Врши и други работи од областа на стручната квалификација
БАРАМЕ:
- Минимум средна стручна спрема; пожелно Машинска или Електро насока
- Pелевантно работно искуство како Магационер или друга слична позиција која се занимава со асортиман на технички материјали
- Претходно работно искуство со САП или друго соодветно ERP решение ќе се смета за предност.
- Средно ниво на познавање на англискиот јазик
- Добро познавање на MS Office пакетот
- Возачка дозвола Б категорија
- Поседување на Дозвола за работа со виљушкар и дигалка се смета за предност
Барани лични особини и вештини:
- Добри комуникациски и организациски вештини;
- Ориентираност кон тимска работа;
- Доверливост и лојалност;
- Одговорност;
- Посветеност и самоиницијативност;
- Time management вештини;
- Способност за работа на висина, кревање на тешки предмети
ПОНУДА:
- Работа во интернационална компанија;
- Позитивна работна средина;
- Обезбедена интерна обука и ХТЗ опрема за работното место;
- Работно време од 07:00-15:00 часот, понеделник – петок;
- Конкурентна плата;
- Организиран превоз од компанијата, до и од работно место;
- Организирана исхрана од компанијата;
- Приватно здравствено осигурување;
- Колективно животно осигурување и 24/7 осигурување од незгода;
- Регрес за годишен одмор во поголем износ од законски пропишаниот;
- Новогодишен надоместок;
- Други бенефиции согласно политиките на компанијата