Vrabotuvanje.com - Оператор во сектор инсталациски постројки - Скопје, Куманово - ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

Оператор во сектор инсталациски постројки

Скопје, Куманово

Application deadline:

  • ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје


За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје, која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата HELLENiQ Energy и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:

Оператор во сектор Инсталациски постројки
(реон Скопје, Куманово)


РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
  • Учествува во процесите при работа и контрола на работата и исправноста во инсталациите за утовар, истовар од авто и вагон цистерни, резервоарскиот парк и пумпните станици за сите видови на нафтени деривати во ОКТА;
  • Изготвува соодветна документација при утовар, истовар, вагање, мерење и мострирање на резервоари;
  • Учествува во процесите на чистење, одржување, мерење и мострирање на резервоарскиот парк;
  • Ја следи работата на инсталациите преку соодветните инструменти, ги следи технолошките параметри (ниво, температура) во резервоарскиот парк;
  • Одговара за спроведување на мерките за сигурност и употреба на колективните, противпожарните и личните заштитни средства;
  • Се обучува и учествува во сите вежби и активности поврзани со противпожарна заштита во рамките на целосната превентивна програма за противпожарна заштита на ниво на ОКТА;
  • Врши надзор над работата на различни изведувачи при секојдневни и вонредни активности поврзани со превентивно одржување, ремонтни активноси, инспекциски контроли и др.;
  • За време на работа одговара за работната дисциплина, редот и хигиената на своето работно место;
  • Професионален однос и комуникација со трети лица учесници во ланецот на утовар/истовар и контрола;
  • По потреба учествува во превентивни и корективни активности поврзани со опремата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
  • ССС, предност ќе има имаат кандидати од технички струки (машинска, електро, градежна, хемиска).
  • Работното искуство не е предуслов.
  • Претходно работно искуство во работа со нафтени деривати, работа на терен, работа со SAP информациски систем, работа со пумпи, инструментална и друга слична опрема ќе се смета за предност.
  • Основно познавање на англиски јазик
  • Основно познавање на МS Office
  • Активен возач, Б-категорија
 
ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
  • Добра психо-физичка кондиција
  • Комуникациски вештини,
  • Oриентираност кон тимска работа, 
  • Oрганизациски вештини, 
  • Доверливост, чесност, лојалност, 
  • Непристрасност, 
  • Oдговорност
  • Способност за работа на висина, на отворено, во услови на зголемени испарувања на нафтени деривати, во услови на бучава

НУДИМЕ:
  • Работа во интернационална компанија;
  • Позитивна работна средина;
  • Обезбедена интерна обука и ХТЗ опрема за работното место;
  • Сменско работење:  три смени 07:00-15:00 прва смена, 15:00-23:00 втора смена, 23:00-07:00 трета смена.
  • Конкурентна плата;
  • Организиран превоз од компанијата, до и од работно место;
  • Организирана исхрана од компанијата;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Колективно животно осигурување и 24/7 осигурување од незгода;
  • Регрес за годишен одмор во поголем износ од законски пропишаниот;
  • Новогодишен надоместок;
  • Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
 
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате. 
 
ЕСИ (Employment Services International)
Ул.Ристо Равановски Бр.2- 1/3
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
 
Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Traffic, Transport and Maritime amounts to 24.623 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more